Хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК 2 март 2020 година

Дознајте каков ден ве очекува денес

Почнува новата работна недела, па не е лошо да прочитаме каков ден нè очекува овој прв понеделник во март.

Овен

Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Но, финансиите ќе ви зададат проблеми, па за некои ваши размислувања ќе треба да премолчите.

Бик

Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа. Настојувате да бидете во центарот на сите случувања. Единствена грижа ви е да бидете во центарот на вниманието.

Близнаци

Исклучителен ден, полн со пријатни изненадувања. Во постојано движење сте и го работите она што го сакате. Партнерот ви покажа колку му значите, не само со зборови. Не сте материјалист, но обожавате да трошите. Никој не е идеален, па ни вие. Заборавете на проблемите, ве очекува поволен период.

Рак

Професионалниот успех ве очекува, само морате да бидете поупорни. Свртени сте кон семејството. Сакате на подобар начин да ги решите проблемите. Слушајте ги советите од блиските, но одлуките носете ги сами. Внимавајте на здравјето и внесувајте повеќе течности.

Лав

Потрудете се да одложите секаква активност. Не сте способни за напорна работа. Внимавајте на органите за говор и слух, можни се компликации. Имате многу идеи кои чекаат да бидат реализирани. Размислувате за промени на емотивно поле.

Девица

Посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе и вас и другите до лудило, а на тој начин би пропаднала целата работа. Затоа изострете ги сетилата.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.