Меѓу овие астро-парови има најголема хемија!

Некои знаци нè привлекуваат повеќе од останатите

Секако дека хороскопот не е пресуден кога бираме партнер за себе, но ѕвездите имаат некакво влијание

Хемијата меѓу некои астро-парови е многу силна и не може да се игнорира. Станува збор за следниве парови во Зодијакот…

1. Вага и Лав

За шармантната Вага, Лавот претставува најголем животен предизвик. Нивните енергии ќе доведат до непогрешлива емоционална двојка. Вагата го буди најдоброто во Лавот и го поттикнува да ги истражува заборавените подрачја од својата личност.

2. Риби и Девица

Рибите можат да ги срушат сите ѕидови кои затворените Девици постојано ги градат околу себе. Тие можат да ги опуштат стегнатите Девици и да ги наведат да им се препуштат на страстите. Од друга страна, Девицата го претставува здравиот разум што на Рибите честопати им недостига.

3. Близнаци и Овен

Овие два знака сакаат авантури, па нивната врска ќе биде полна со возбуда. Овните паѓаат на шармот и интелектот на Близнаците, додека Близнаците се вљубуваат во силната енергија што ја поседуваат Овните.

4. Скорпија и Бик

Оваа комбинација е вистински доказ дека спротивностите се привлекуваат. На Скорпиите им одговара тоа што Биковите се многу посветени, па нема да им пречи нивната посесивност, додека, од друга страна, Биковите уживаат во мистериозноста на Скорпијата.

5. Јарец и Рак

Раковите наоѓаат начин да го разбијат мразот на срцето на ладнокрвниот Јарец. Си ја пружаат потребната сигурност еден на друг, па затоа меѓу нив се јавува неверојатна хемија.

6. Стрелец и Водолија

Припадниците на овие хороскопски знаци имаат сличен сензибилитет, па поради тоа, многу добро се разбираат. Нивната врска е многу стабилна, бидејќи можат да си ги прочитаат мислите.

Прочитајте и кои се тајните секси-особини на хороскопските знаци.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.