Кому октомври ќе му донесе среќа: Овие два хороскопски знака треба добро да се чуваат!

Астрологија

Кому октомври ќе му донесе среќа и успех, а кој треба да се подготви за вртоглави промени?

Дознајте дали сте меѓу следниве хороскопски знаци за кои октомври ќе биде многу значаен месец…

Стрелец

Ве очекуваат промени на подобро. Во изминатиот период, времето како да ви застанало. Сè што пробавте да направите, ве врати три чекора назад. Сега октомври ви носи свеж и здрав воздух, па време е за нова енергија. Очекувајте позитивни промени и на работа. Но акцентот повеќе е на вас како битие, бидејќи повеќе нема да чувствувате тежина и сега ќе дишете со полни гради.

Риби

Искористете го октомври за да му покажете на светот дека сте станале комплетно нова личност. Сега имате елан, ви се случуваат промени и време е да се подготвите за нови искуства кои ќе ви го однесат животот во сосема нов правец. Јупитер кон крајот на годината ќе влезе во вашиот знак и тогаш ќе следат вашите 5 минути.

Овен

Завршува циклусот на непријатности што сте ги имале на работа. Сега следат конкретни настани што ќе ви го променат патот во кариерата. На слободните Овни ќе им се појави личност што ќе им го промени животот од корен. За првпат нема да морате вие да иницирате, бидејќи темпераментот на оваа личност ќе биде двојно поголем од вашиот и, замислете, вие ќе останете без текст.

Знаци на кои октомври не им носи толку убави промени…

Бик

Ретроградниот Меркур вам ви носи метеж во деловниот живот кој ќе се одрази и на љубовниот живот. Работниот однос помеѓу вас и надредените, како и колегите, е на работ на пукање. Тука повеќе никој никого не разбира. Размислувате за промени на работата, а и сте добиле нова понуда. Се советува да почекате до крајот на месецот и тогаш да донесете одлука. Нервозата на работа ви се пренесува и на љубовниот живот и партнерот го чувствува тоа. Памет во глава и полека.

Близнаци

Вие сте деца на комуникацијата, а овој ретрограден Меркур ви носи комплетен хаос во мозокот, зборовите и мислите. Никако не донесувајте одлуки сега. Навистина не сте рационални, ниту сте способни за тоа. Ако можете, обидете се вашите мисли да ги пренесете на хартија (значи, без директна комуникација) и потоа повторно прочитајте го тоа кон крајот на месецот и применете го.

Биковите и водолиите во октомври ќе се збогатат – Неочекуван и голем прилив на пари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.