Каква снаа сте според хороскопскиот знак?

Свекрви, дознајте навреме!

Сите љубопитни свекрви, кои сакаат да дознаат каква знаа би им била избраничката на синот, нека ги прочитаат астролошките толкувања во продолжение на овој текст.

Снаа со хороскопски знак Овен

Снаите со хороскопски знак Овен се нетрпеливи и не сакаат да ги советуваат. Ги прифаќаат сите совети како груба форма на интервенција во личен простор. Сакаат секогаш да биде како што ќе кажат. Бидејки се огнен знак и сакаат да доминираат, дури над свекорот и свекрвата и новото семејство. Во исто време, сепак се подготвени да поминат низ оган за сопругот на кого му се многу посветени.

 Снаа со хороскопски знак Бик

Снаите со хороскопски знак Бик се практични жени. Сакаат да се грижат за домаќинството и да држат сè под контрола. Сакаат да се грижат за семејните финансии. Склони се да прават компромиси и се со желба да ги сослушуваат свекорот и свекрвата, иако не секогаш ќе направат што ќе им се каже. Балансираат добро меѓу обврските на сопруги, мајки и вработени жени.

Снаа со хороскопски знак Близнаци

Снаите со хороскопски знак Близнаци се тешки луѓе за разбирање. Полека се навикнуваат со животот на мажените жени, но флексибилноста им помага да сеприлагодат кон секоја ситуација. Секогаш бараат поддршка во сопругот. При конфликт со неговите родители очекуваат тој да ја заземе нејзината страна, без оглед на сè.

Снаа со хороскопски знак Рак

Жените со хороскопски знак Рак се чувствителни и се грижат. Никогаш не влегуваат во конфликт, особено со свекорот и свекрвата. Дури и нешто да не им се допаѓа, нема да се спротивстават. Негативна карактеристика од карактерот им е дека не можат сами да си ја заштитат позицијата и интереси.

Снаа со хороскопски знак Лав

Снаата со хороскопски знак Лав сака да е во центарот на вниманието. Се труди свекорот и свекрвата да ја прифатат како родена ќерка и прави се’ што е можно за да ја постигне целта. Во исто време таа е добра и грижлива сопруга, но секогаш сака да доминира над партнерот.

Снаа со хороскопски знак Девица

Снаите со хороскопски знак Девица се малку затворени. Се срамат од свекорот и свекрвата и особено во почетокот се прилично молчаливи. Кон нив треба да се пристапи внимателно и без остри забелешки.

Ако еднаш се опушти, снаата со хороскопски знак Девица ќе ги прифати свекорот и свекрвата  речиси како родители.

Снаа со хороскопски знак Терезија

Снаата со хороскопски знак Терезија лесно се разбира со свекорот и свекрвата, особено ако имаат добар пристап. Негативна карактеристика од карактерот им е дека брзо се лутат, особено ако им се обраќаат со груб тон.

Снаа со хороскопски знак Скорпија

Скорпионите во принцип се едни од најтешките за разбирање Хороскопски знаци. Затоа не е изненадување дека во почетокот се доживуваат со резерва од свекорот и свекрвата си. Зад студената надворешност на Скорпијата сепак се крие мил и забавен човек, макар и со малку остар карактер.

За сметка на тоа, сепак Скорпиите се одговорни и посветени сопруги и ја откриваат целата своја суштина пред партнерот од самиот почеток.

Снаа со хороскопски знак Стрелец

Снаите со хороскопски знак Стрелец се уверени и бескомпромисни. Добро ќе ја одиграат секоја потешка ситуација со свекорот и свекрвата, без да даваат повод за скандали. Снаата Стрелец секогаш ќе најде пат, кој одговара и на едната и другата страна, без да се дојде до расправии.

Снаа со хороскопски знак Јарец

Јарецот е принципиелен и често пати тврдоглав. Истото важи и за снаата Јарец. Со нив не е лесно да се разбереш, бидејќи ја  бранат својата позиција до последно и се подготвени да се скараат со сите на патот.

И покрај сите скандали сепак, се подготвени да ги задржат добрите односи со свекорот и свекрвата на долг рок и никој битен проблем нема да го спречи тоа.

Снаа со хороскопски знак Водолија

Водолија се независни и насочени кон целта. Снаата со хороскопски знак Водолија ги почитува семејните вредности, но нема да се запре пред ништо за да ги постигне своите цели и нема да  слуша совети дадени од свекорот и свекрвата.

За нив свекорот и свекрвата секогаш остануваат луѓе кои ги почитуваат, но секогаш ќе ги прифатат нивните зборови со резерва.

Снаа со хороскопски знак Риби

Снаата со хороскопски знак Риби е уште една “тивка, но длабока вода”. Не остава никој да и се качува на глава, особено не свекорот и свекрвата. Трпелива е, но ако еднаш се прелее чашата на нејзиното трпение, не е склона на компромиси.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.