Познатите готвачи советуваат што да купувате за време на коронавирусот

Светски познатите готвачи одлучија на целиот свет да му помогнат и на некој начин со своите совети да нагласат што навистина е неопходно, а што непотребно да купувате за време на изолацијата.

Немојте да пакувате врела храна, нека се олади на собна температура пред пакувањето. 

Немојте да ги преполнувате садовите бидејќи течностите се шират кога се замрзнуваат.

Означете го секој сад за да знаете која храна каде ви се наоѓа.

Садот со храна која сакaте да ја одмрзнете, ставете ја во фрижидерот преку цела ноќ.

Прочитајте и: Леб без брашно и квасец: 1 парче ќе ве држи сити 6 часа!

https://www.instagram.com/p/B-H1_4EJC_8/?utm_source=ig_embed

Антони Поровски, чија храна ја обожава Џенифер Анистон и Рајан Рејнолд, подели совети како да готвите во карантин дури и ако не успеете да ги пронајдете сите намирници кои сте посакувале. Тој снима интересни видеозаписи и ги закачува на својот инстаграм профил, а ние ви пренесуваме еден.

Во сад измешајте ситно сечкан црвен лук, домат и конзервиран грав кој предходно сте го процедиле.

Антони ставил и авокадо, ама вие не морате ако го немате дома. Измешајте ги сите намирници, зачинете малку со маслиново масло и исцедете половина лимон. Потоа направете омлет и посипете го со оваа мешавина. Посолете по желба.

Вашиот вкусен и здрав оброк ќе биде подготвен за осум минути.

Додека трае овој вирус, важно е здраво и добро да се храните, ама важно е и таа храна да биде вкусна.

Прочитајте и: Домашен леб без квасец: Рецепт за најмекото и највоздушесто тесто!

https://www.instagram.com/tv/B90Oo5lHxYv/?utm_source=ig_embed

Аманда Фригат на социјалните мрежи сподели совети како да го зачинете пилешкото.

https://www.instagram.com/tv/B90CM_rhd_f/?utm_source=ig_embed

Гордон Ремзи сподели лесен рецепт за маринара сос кој можете да го користите како прелив за шпагети, пица, месо, или да го користите како сос за тортилја чипс.Состојки кои ви се потребни: пасиран домат и пелат, босилок, лук, кромид, црвено вино, маслиново масло, сол и бибер.

Прочитајте и: 4 рецепта за домашен квасец: За тесто што расте како лудо!

https://www.instagram.com/p/B-FgoFEDZ_X/?utm_source=ig_embed

Џада Де Лаурентис исто така подели неколку совети за готвење во карантин: како да ги искористите остатокот од тестенините на нов начин.

https://www.instagram.com/p/B97G2Z6HC1Z/?utm_source=ig_embed

Мајкл Симон препорачува да купуваме смрзнат и конзервиран зеленчук кој ќе го имате во резерва додека трае карантинот. Исто така, напиша на својот твитер-профил дека храна која треба да ја имате додека сте во изолација се месото, компирите, јајцата и тестенини.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.