Како различните хороскопски знаци покажуваат дека се заљубени?

Дали се согласувате?

Фото: Pixabay

Да бидеме реални – понекогаш е многу тешко да се повлече линијата помеѓу љубовта и првичната похотливост и лудило што ги чувствуваме кога ќе запознаеме некого.

Рак

Со Ракот владее Месечината, така што од нив може да очекувате „сѐ или ништо“. Знаете дека се заљубувате во некого кога ќе ги поканите во вашиот дом, живеалиште каде бегате од светот. Раковите сакаат да ги соберат сите работи што имаат сентиментална вредност, па ако дозволите некој да ги допре или позајми вашите работ, мора да имате целосна доверба во нив. Исто така, иако можеби сте најлошиот готвач на светот, ќе дадете сѐ од себе и да готвите за вашата сакана личност.

Лав

Лавовите сакаат да бидат јасни и гласни кога се вљубуваат во некого. Првиот знак е кога ќе започнете да ги прикажувате на вашите социјални мрежи или во јавноста. Вие сте едноставно горди и сакате целиот свет да знае за нив. Вие навистина сакате страсно и силно, па раскинувањето за вас може да биде навистина тешко. Кога се вљубувате, сакате да создадете совршен свет само за двајцата и да направите сѐ што е можно за да го исполните. Покрај тоа, вие знаете да бидете вистински лојални и посесивни, што честопати може да резултира во одредени испади на љубовта.

Девица

За вас времето е пари, па во моментот кога ќе најдете време да се дружите со партнерот, тоа значи дека сте на пат кон вљубување. Патот за да стигнете таму ќе биде малку подолг бидејќи сте поконзервативни по природа, но во моментот кога ќе го вклучите вашиот партнер во својата петгодишна визија и план, планирате да останете со таа личност. Сакате расправии, па кога ќе пронајдете личност со која можете да комуницирате и да водите дебати, вие сте на добар пат. Исто така, хигиената е многу важна за вас, така што во моментот кога ќе започнете да ги споделувате вашите навики за интимна хигиена со партнерот, вие сигурно се заљубувате. Сексот е исто така важен за вас, како и долгиот список на барања, кој доколку се исполнат 90%, можете комотно да кажете дека сте ја запознале вашата сродна душа.

Прочитајте и: Најлошите астро-парови: Скорпијата ја служи одмаздата ладна, Ракот сака мир, Стрелецот не ја дава својата слобода!

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.