ХОРОСКОП: Припадничките на овој знак често привлекуваат „убави катастрофи“

Емоционално недостапни мажи

На овие жени им е најтешко да ја пронајдат љубовта, бидејќи бараат од спротивниот пол да биде совршен. Станува збор за девиците.

Она што ги спречува девиците од наоѓање на вистинската љубов е нивниот страв од интимност и нивното реално и логично размислување.

Со оглед на тоа дека постојано бараат совршеност, ретко кој успева да ги исполни нивните високи стандарди. Често, најдобрите мажи поминуваат покрај нив незабележани.

Затоа, девиците често привлекуваат „убави катастрофи“, мажи со изгубени цели и емоционално недостапни мажи. Тоа е така бидејќи девицата во тој момeнт одбира тоа да биде само забава и се залажува дека нема потреба за врска.

Но ваквите мажи знаат да го украдат нејзиното срце и да направат таа да пати многу повеќе одошто планирала или замислувала дека некогаш ќе се случи тоа. Ваквиот однос трае долго и на девиците им е тешко да го прекинат, поради поврзаноста.

И, така во круг. Потоа, нивното срце е скршено, тие се трудат да се одалечат од мажите и го чуваат срцето се до следната авантура за која не веруваат дека ќе им значи нешто.

Додека сето тоа се случува, тие посакуваат вистински партнер, совршен партнер кој во пракса не псотои. Девиците веруваат во љубовта, вечна љубов, но нивната грешка се високите стандарди.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.