Дневен ХОРОСКОП за ПОНЕДЕЛНИК (14 февруари 2022)

Астро-прогноза

Ракот е на прагот на промени, скорпијата предизвикува хаос, а јарецот е во потрага по можности…

Овен

Фокусот за овој понеделник е опозицијата меѓу вашата владејачка планета Марс во јарец и Месечината во рак во вашата четврта куќа на домот. Можеби ќе се чувствувате емоционално и особено сензитивни во однос на некои аспекти, но ќе имате и дополнителна енергија. Тоа значи дека можете да се занимавате со што и да посакате. Ако некој ве обвини дека сте себични, отворената комуникација е единственото решение да ги решите конфликтите.

Бик

Со Месечината во рак наспроти вашата владејачка планета, Венера во јарец ќе се чувствувате нервозно и нема да сакате површни разговори. Слободно откажете се од социјалните ангажмани кои не ви носат никаква позитивна енергија. Посветете се  на читањето или креативна навика која ќе ви го исполни времето на убав начин.

Близнаци

Месечината во рак ве потсетува дека безбедноста е важна, иако ретко размислувате за тоа. Можеби е добро да се посветите на вашите финансиски навики и да направите план кој ќе ви помогне да ја одржите својата финансиска ситуација. Со пет планети во вашата осма куќа на заеднички ресурси, можно е да дојдете и до неочекувана добивка. Ќе се чувствувате добро.

Рак

Вие сте во најдоброто издание овој понеделник бидејќи Месечината престојува во вашиот знак. Тригонот меѓу Јупитер и Марс го отвора вашето срце, а вашата желба да сакате ви дава дополнителна енергија. Можни се мали проблеми во однос на опозицијата на Месечината, Венера и Марс во вашата куќа на партнерства.

 

Лав

Ова е интензивна месечина во рак, а таа престојува во вашата дванаесетта куќа на соништа, визии и тајни, па така можни се тешки и интензивни соништа. Веројатно мислите дека не сте подготвени за промени бидејќи се чувствувате истоштено, но не е така. Почувствителни сте од вообичаено, па затоа држете се подалеку од токсични луѓе.

Девица

Вашата великодушност може да биде тестирана овој понеделник додека Месечината во рак ја осветлува вашата куќа на пријателства и се спротивставува на Марс и Венера во јарец. Не сфаќајте ништо лично, некои луѓе имаат свои битки кои не се поврзани со вас. Пробајте да ги разберете другите и да не носите заклучоци.

Терезија

Вашата владејачка планета е во конјункција со Марс во јарец во вашата четврта куќа на домот и семејството, а двете се во опозиција со  чувствителната Месечина во рак. Емоциите ќе бидат силни и можно е да донесат конфликт со блиска личност. Не дозволувајте да ви се упропасти понеделникот поради тоа. Не сте одговорни за туѓите чувства или постапки.

Скорпија

Месечината во рак ја осветлува вашата деветта куќа на авантури, а вас ве повикува да излезете и минете време надвор. Месечината и се спротивставува на Венера и Марс во јарец во вашата трета куќа на комуникација, па така ако некој ве нападне без причина, не го чувствувајте тоа лично. Можеби би сакале да пишувате дневник за тоа или пак да размислите, но овој понеделник носи големи лекции за вас.

Стрелец

Месечината во рак во вашиот сектор на финансии и опозицијата на Венера и Марс во јарец во вашата осма куќа на заеднички ресурси може да влијае на вашите финансии. Ова е повик да ги разгледате сите фондови и да се осигурите дека вашите финансии се во ред. Ова е и идеално време да ја разбудите својата свест.

Јарец

Односите со другите, но и кон самите себеси се во центарот на вниманието овој понеделник додека Месечината во рак ја осветлува вашата седма куќа на партнерства и е во опозиција на конјункцијата на Венера и Марс во јарец во вашата прва куќа на личноста. Може да е тешко да ги урамнотежите потребите и желбите кои партнерот ги очекува од вас. Научете како да најдете баланс меѓу грижата за себеси и другите.

Водолија

Ќе се чувствувате нервозно и нерасположено под влијание на Месечината во рак, но замолете ги другите да го прифатат тоа. Побарајте начин тој наплив на енергија да го насочите кон добри дела и љубов кон другите.

Риби

Месечината во рак ви влева креативна енергија која ја осветлува вашата петта куќа, особено додека е во опозиција со Венера и Марс во јарец во вашата единаесетта куќа на хуманитарни активности. Вложете ја својата енергија во нешто што ви значи и направете нешто добро за себеси и другите.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.