Дневен хороскоп за ПЕТОК, 25 септември 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Фото: Getty Images

Бикот е уморен од премногу обврски, Ракот е вреден, Шкорпијата треба да внимава на грлото, Девицата е истоштена.

ОВЕН

Полека ги намалувате обврските за оваа недела и се радувате на претстојниот викенд. Планиравте да го поминете викендот со вашиот партнер и со нетрпение го очекувате. Кога станува збор за здравјето, потребно е да ја вратите вашата кондиција.

БИК

Уморни сте од премногу обврски. Се фокусирате на мали обврски за да оставите впечаток дека сте направиле многу работи. На полето на љубовта статус кво: ниту вие, ниту другата страна не се огласувате. Што се однесува до здравјето, грлото е чувствително.

БЛИЗНАЦИ

Едвај чекате да заврши работната недела. Уморни сте од борба и ви треба пауза. Направете планови со вашиот партнер за тоа како ќе го поминете викендот. Главата е чувствителна, затоа обрнете внимание првенствено на синусите.

РАК

Вредни сте и сакате да завршите што повеќе обврски до крајот на денот или работната недела. Емотивно сте незадоволни и планирате да го поминете викендот дома. Се обидувате да го подобрите имунитетот.

Прочитајте и: Еве кој хороскопски знак најмногу ви одговара како најдобар пријател

ЛАВ

Вие сте максимално фокусирани на обврските без оглед на крајот на неделава. Размислувате дали да закажете состанок со симпатијата или не и сепак одлучувате да се јавите. Во физичка смисла, напнатоста се смирува и се уморувате.

ДЕВИЦА

Со нетрпение го очекувате крајот на работниот ден. Уморни сте, незадоволни и ви треба одмор. Избегнувате разговор со партнерот оправдувајќи се со своите обврски на работа. Исцрпени сте и време е да се посветите на себе.

ВАГА

Постојано се обидувате да ја завршите целата работа што сте ја испланирале. Со нетрпение ги очекувате плановите поврзани со партнерот. Кога станува збор за здравјето, бидете внимателни во сообраќајот и избегнувајте брзо возење.

ШКОРПИЈА

Едвај чекате да заврши работната недела и да се најдете во мирот на вашиот дом. Вашиот партнер има потреба од кавга, па затоа го избегнувате. Внимавајте на грлото бидејќи ладните пијалаци можат да создадат непотребен проблем.

СТРЕЛЕЦ

И покрај тоа што е крај на неделата, вашата енергија ја вложувате максимално. Партнерот ви предлага да го поминете викендот заедно. Се чувствувате слаби и планирате да видите пријатели и да се посветите на спортот за време на викендот.

Освојуваат на прв поглед: Најпривлечните луѓе се раѓаат во овој хороскопски знак!

ЈАРЕЦ

Вршите деловни обврски очекувајќи да се појават ненадејни тешкотии. Во врската со партнерот постои ладо однесување и дистанцирање. Физички, вие сте слаби и планирате да го подобрите вашето физичко здравје.

ВОДОЛИЈА

Работната недела ја завршувате со многу ентузијазам и посакувате следната да биде уште подобра. Планирате состанок со партнер за кој не сте сигурни дека ќе ве задоволи. Нема значителни случувања во областа на здравјето.

РИБИ

Работната недела и последниот работен ден ги завршувате со иста енергија. Емотивно сте незадоволни затоа што не знаете како да ги решите проблемите во врската. Можни се минливи проблеми со притисокот.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.