ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 7 јануари (петок): Чувајте се од настинки!

Астро-прогноза

Биковите преземаат иницијатива во љубовта, Девиците ги очекува изненадување

ОВЕН

Работа: Овните го дочекуваат крајот на првата работна седмица оваа година, задоволни од постигнатите резултати.

Љубов: Ова е ваш ден, па затоа се очекува сите љубовни конци да ги држите под контрола.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

БИК

Работа: Добрата и позитивна енергија им дава на типичните Бикови одлична предиспозиција мирно и без поголеми немири, да ги завршат сите започнати професионални обврски.

Љубов: Овој ден е многу поволен за да преземете иницијатива и да ги разрешите евентуалните сомнежи што ги имате кон саканата личност.

Здравје: Можни респираторни проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Солиден спој на добра енергија и работен елан што им дава на Близнаците убави шанси крајот на работната седмица да го дочекаат задоволни од постигнатиот работен план.

Љубов: Повеќе внимание и трпение ќе ви користи вам и на другата страна, па добро би било да се потрудите и да не го расипувате расположението денес со неважни детали.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

РАК

Работа: Високо ниво на работна енергија ќе ги следи Раковите овој петок, па слободно можеме да кажеме дека не ве очекуваат никакви проблематични препреки на професионален план.

Љубов: Добро би било дел од вашата позитивна енергија да го искористите и на некои убави љубовни случувања, за обострано задоволство.

Здравје: Чувајте се од настинки.

ЛАВ

Работа: Типичните Лавови денес можат да ги остварат основните и најважните работни цели без поголеми проблеми. Малата нервоза може да донесе вербално недоразбирање со некои од блиските соработници.

Љубов: Најдобро знаете кои се вашите приоритети, па затоа усогласете го вашето однесување и посветете им се ним првенствено.

Здравје: Пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Работа: Одличен работен ден би можеле да имаат Девиците што се занимаваат со организациски и комуникациски работи, и така, на задоволителен начин да ја завршат првата работна седмица во новата година.

Љубов: Не е исклучено да доживеете многу пријатно изненадување од личност која веќе извесно време го привлекува вашето внимание.

Здравје: Освен напнатост, нема позначајни предупредувања.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Променлива атмосфера и работен елан ќе ги следи Терезиите во поголемиот дел од овој петок. Посебно внимание вреди да им се посвети на заостанатите обврски, папирологијата.

Љубов: Фокусирајте се на она што го сакате во иднина, правете заеднички планови и уживајте со саканата личност.

Здравје: Можна осетливост на респираторниот систем.

СКОРПИЈА

Работа: Продолжува периодот на засиленото професионално ангажирање за типичните Скорпии и овој петок. Продолжете во овој добар ритам.

Љубов: Не е лошо да се посветите на уживање во некоја заедничка активност со личноста што ја сакате, би ви годело опуштање.

Здравје: Освен умор, нема позначајни проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Продолжува поволниот период за реализација на започнатите проекти, новите идеи, а овој ден би можеле и великодушно да му помогнете на некој од соработниците.

Љубов: Обидете се да не ги занемарите чувствата на другата страна, доволно е да посветите мало внимание, како за почеток.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ

Работа: Многу е важно максимално добро да се организирате и на економичен начин да ја трошите енергијата, за да можете навреме да се изборите со бројните предизвици, поврзани со разни договори и преговори што се во тек.

Љубов: Ве очекува многу убав ден на љубовен план, со можно пријатно изненадување од саканата личност.

Здравје: Без позначајни проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа: Во текот на поголемиот дел од денот, Водолиите ги очекуваат повеќе ситни препреки, првенствено од техничка природа, на патот кон зацртаните професионални цели. Сепак, нема причина за загриженост.

Љубов: Расположението и енергијата ќе ви бидат на високо ниво, па така реално е да очекувате некаков посебен ентузијазам и во сферата на партнерските односи. Уживајте.

Здравје: Можна главоболка.

РИБИ

Работа: Продолжува поволниот период за реализација на започнатите проекти.

Љубов: Позицијата на партнерските односи би требало да остане слична на вчерашната.

Здравје: Одлично.

3 најкомплицирани знаци на зодијакот: Нивното однесување е мистерија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.