Наоми Кембел на 51 година има совршена фигура и брутални стомачни: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Секој го може ова

Фото: Getty Images

Со години строго се придржува до овие правила

Иако наполни 51 година, никогаш не би го кажале тоа врз основа на нејзиниот изглед. Манекенката нема ниту една брчка на лицето, а на витата фигура ѝ завидуваат и многу помлади девојки.

„Благодарение на мајка ми, многу рано почнав да ја негувам кожата и да внимавам на изгледот. Мислам дека од основно училиште нанесувам хидратантни кремови. Така, уште во детството стекнав навика да бидам дисциплинирана кога станува збор за негата на кожата“, открила Наоми.

„Сите ги паметат кожата и телото, а ако не се однесувате кон нив со големо внимание, многу брзо ќе почнат да изгледаат многу лошо.“

Еве до кои правила се придржува таа со години:

Што се однесува до витата линија, трикот е многу едноставен: таа поминува со часови во вежбалница. Најмногу ужива во кардиотренинзи.

Со години работи со личен тренер и вели дека најважно е да имате некој што ќе ве мотивира. Тоа може да биде персонален тренер или пријателка со која заедно ќе одите на тренинзи.

Манекенката смета дека многу е важно да се занимавате со физичка активност, бидејќи така, не само што ги затегнувате мускулите на телото, туку и поволно влијаете врз вашето расположение, но и врз состојбата на кожата.

Таа се обидува да се храни здраво, одбегнува масна храна и пие многу течности. Оброците, главно ѝ се состојат од пилешко месо, риба и многу зеленчук. Јаде многу млечни производи, но одбегнува овошје.

„Иако тоа се природни шеќери, сепак лошо влијаат врз фигурата“, вели таа.

Сепак, и таа понекогаш се почестува со понекој десерт, но се обидува да не претерува.

Поранешниот готвач на Наоми Кембел открил што јаде славниот супермодел: Ова е тајната на нејзината беспрекорна линија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.