ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 24.01.2022 (понеделник): Ќе ве мачат сомневања што не се реални!

Астро-прогноза

ОВЕН
Ќе ги спознаете добрите страни на едно пријателство. Од пријателите очекувате премногу, но и се разочаравте. Успешно ќе завршите еден важен разговор или ќе блеснете на состанокот со нови идеи. Уживајте во ноќниот живот! Ве очекува прекрасно познанство со една маркантна личност.

БИК
Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Не стојте на страна. Дадете иницијатива, ќе бидете поинтересни. Спротивниот пол тоа и го очекува од вас. Шармантни сте, затоа никој не може да ви одолее. Имајте повеќе самодоверба и сѐ ќе дојде на свое место.

БЛИЗНАЦИ
Се чувствувате прекрасно, омилени сте во околината и успешни во работата. За вашата популарност ќе придонесе познанството со една влијателна личност. Ѕвездите ви овозможуваат да завршите едно важно купување или финансиска трансакција. Јадете полесна храна, избегнувајте црвено месо.

РАК
Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и однапред планирајте ги своите финансиски потфати. Внимавајте на пријателствата, но и на партнерот, го запоставивте во последно време. Наредниот период е создаден за љубов и романтика.

ЛАВ
Немојте да наредувате и да заповедате, зашто партнерот би можел да ви ја тресне вратата пред нос. Не залажувајте се со туѓите забелешки, но немојте ниту тврдоглаво да инсистирате на своето. Чувајте се од студот. Послушајте ги постарите, никој не ви мисли лошо, а вие сте претерано тврдоглави.

ДЕВИЦА
Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, па зауздајте ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено, па затоа и ќе постигнете успех. Внимавајте на дигестивниот систем. Нервите ви се чувствителни. Искористете го доброто паметење.

ТЕРЕЗИЈА
Некои разговори можат да придвижат нови интереси. Бидете поактивни во општествениот живот. Наметнете се, не чекајте да ве поканат или да ви понудат нешто. Не премислувајте се долго време. Заштитувајте се од променливите температури, можна е и појава на настинка, затоа внесувајте повеќе витамини.

СКОРПИЈА
Вашите ставови за љубовта и бракот ќе се сменат. Некој или нешто ви го одвлекува вниманието. Ќе биде доволно само некаде да се појавите и да го решите проблемот што долго ве мачи. Ќе имате зголемен апетит. Играјте со отворени карти, особено пред луѓето што ви се блиски.

СТРЕЛЕЦ
Ќе почувствувате огромно задоволство. Едно познанство со странец или личност што живее во друг град ќе ви остави впечаток повеќе отколку што ќе признаете. Внимавајте како ракувате со парите. Можна е грешка. Не поставувајте излишни прашања. Посветете си повеќе внимание себеси.

ЈАРЕЦ
Контролирајте го својот однос и однесувањето кон партнерот, зашто ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Понекогаш знаат да бидат мошне непријатни и завидливи на вашиот успех и професионалност.

ВОДОЛИЈА
Обидете се малку повеќе да мислите на себе, а помалку да се заморувате со ставовите на другите луѓе. Можно е минливо незадоволство со моменталниот работен статус. Ослободете се од. Свртете се кон себе, но не правете им лошо на луѓето што ве сакаат и се грижат за вас.

РИБИ
Зборовите, километарската раздвоеност или ра¬ботата ќе се најдат меѓу вас и саканото лице. Ситуа¬цијата на работа ќе ве присили да се приспособите на нови луѓе и ситуации. Несмасните движења ќе предизвикаат помали незгоди. Бидете умерени. Потрудете се повеќе да се одморате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.