Биковите се мрзеливи, Лавовите арогантни, Девиците сакаат да контролираат сѐ: 5 најголеми мани на секој хороскопски знак!

Астрологија

Фото: Getty Images

Астролозите откриле кои се најголемите мани на секој хороскопски знак

Ова се нивните мани, а вие проценете дали астролозите се во право…

Овен
  • Овенот има најексплозивен темперамент во Зодијакот и тешко го контролира гневот.
  • Често се однесува незрело.
  • Лесно се возбудува кога ќе започне нешто ново, но брзо губи интерес.
  • Напорно е нетрпелив, секогаш сака сѐ, веднаш во истиот момент.
  • Егоистичен е и не знае да се стави во туѓа кожа.
Бик
  • Не очекувајте победа во расправија со него. Не попуштаат ни ако не се во право.
  • Многу се мрзеливи кога се работи за домашни обврски.
  • Нивните желби и потреби секогаш им се на прво место.
  • Знаат да бидат многу здодевни.
  • Тешко се отвораат и ретко зборуваат за своите чувства.
Близнаци
  • Не можете да се потпрете на нив – многу се недоверливи.
  • Секој ден мора да анализирате како се расположени за да знаете како да се поставите.
  • Шармираат со убави зборови, но ретко го исполнуваат ветеното.
  • Брзо им досадува сѐ, па често може да се почувствувате како вишок.
  • Никогаш не завршуваат ништо до крај.
Рак
  • Нивните промени на расположението се неподносливи.
  • Знаат да кажат остри, тешки зборови и да ја одбегнат вината.
  • Можат да станат зависни од вас, па ќе се почувствувате како во затвор.
  • Брзо сакаат сериозна врска, брак и семејство, а ни сами не се сигурни дали се подготвени за тоа.
  • Животот со нив може да ви биде монотон и предвидлив – ретко кога се согласуваат на нешто ново.
Лав
  • Ретко ќе се чувствувате сигурно со нив, бидејќи флертуваат каде стигнат.
  • Секогаш ќе имате чувство како да не ве сакаат исто толку колку вие нив и како постојано да се натпреварувате.
  • Ретко ќе признаат дека не се во право, а ако признаат, ни самите не веруваат во тоа.
  • Знаат да бидат арогантни и нетактични.
  • Бидејќи мора да бидат во центарот на вниманието, ќе се чувствувате како да сте во нивна сенка.
Девица
  • Претеруваат во анализирање и осудување туѓо однесување.
  • Секогаш од другиот очекуваат да биде иницијатор.
  • Сакаат да се лутат и после караницата се однесуваат како мали деца.
  • Често се несигурно и од вас очекуваат да им дадете сигурност, дури и ако коренот на нивната несигурност не лежи во вас.
  • Ако не живеете според нивни правила, секој ден ќе ве критикуваат.
Терезија
  • Терезиите добро знаат што сакате да чуете па често се случува да не ви ја кажуваат вистината.
  • Сакаат игри, да казнуваат и да наградуваат, но и да манипулираат со партнерот.
  • Лесно можат да се свртат против вас, ако ги повредите.
  • Често се суетни и оптоварени со изгледот и од вас очекуваат да изгледате совршено.
  • Не се упорни и истрајни, често се жалат и тешко е да ги слуша човек.
Скорпија
  • Неописливо се љубоморни и секогаш кога зборувате со некој од спротивниот пол, ќе ве гледаат со презир.
  • Со нив често нема да знаете како се чувствувате, бидејќи знаат да манипулираат со вашите емоции.
  • Знаат целосно да ве игнорираат, безмилосно да ве остават и да си заминат од вашиот живот.
  • Имаат многу тајни.
  • И малите расправии кај нив често се претвораат во големи караници.
Стрелец
  • Стрелците обожаваат да зборуваат, но не умеат да слушаат.
  • Очекуваат другите да ги анимираат, а ако не ги забавуваат, тие се жалат.
  • Стрелецот мисли дека знае најдобро и не сака да прифаќа нови информации.
  • Знаат да бидат директни и бесчувствителни.
  • Сакаат да бидат доминантни во врската.
Јарец
  • Работата секогаш им е пред партнерот.
  • Сакаат сѐ да биде под нивна контрола.
  • Често не можат да се опуштат и да бидат спонтани, поради што вашиот однос може да стане здодевен.
  • Ја анализираат и помнат секоја ваша грешка и ништо не забораваат.
  • Не можете да влијаете врз нивниот став – ви преостанува само да се прилагодите.
Водолија
  • Водолиите живеат во имагинацијата, па често изгледаат дистанцирано и далечно.
  • Сакаат да држат предавања, бидејќи тие секогаш знаат најдобро.
  • Ќе запознаете многу нивни пријатели кои често ќе бидат до нив, па ќе се чувствувате како да не сте им доволни.
  • Иако тврдат дека се либерални, поради своите крути принципи ги осудуваат сите што не се како нив.
  • Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко кога што чувствуваат.
Риби
  • Често морате по неколку пати да им ја повторувате истата работа.
  • Тешко е да ги поттикнете да започнат нешто и да го завршат тоа во одреден рок.
  • Често ќе ви се чини дека не се вклопувате во нивниот живот, бидејќи постојано ќе прават нови планови за иднината.
  • Се жртвуваат себеси за другите, па постојано ќе имате чувство дека вие мора да се грижите за нив.
  • Ги идеализираат сите свои односи со луѓето и имаат илјада очекувања од вас.
5 најамбициозни хороскопски знаци: Силната желба за успех ги турка напред, тие никогаш не запираат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.