Еве колку треба да пешачите за да изгубите половина килограм за една недела!

Дознајте колку чекори на ден треба да пешачите...

Пешачењето може многу да помогне во согорувањето на дополнителни калории, да ги намали мастите на стомакот и да придонесе за развој на мускулната маса. Секојдневното пешачење не само што може да согори стотици калории, туку може да го намали и ризикот од болести и да придонесе за подобрување на менталното здравје.

Без разлика колку пешачите, оваа активност е добра за вашето ментално и физичко здравје. И ако се прашувате колку треба да пешачите секој ден за да ја подобрите вашата фигура, научниците конечно го открија идеалниот број на чекори.

Колку треба да пешачите за да изгубите тежина?

Со околу 2.000 чекори може да се согорат 80-100 калории, а имајќи предвид дека во половина килограм масно ткиво се наоѓаат околу 3.500 калории, доколку сакате да ја намалите тежината за половина килограм значи дека треба да одите 70.000 чекори секој ден.

Знаеме дека оваа бројка звучи невозможна да се постигне, затоа ви предлагаме да правите 10.000 чекори секој ден. За една недела ќе ја достигнете магичната бројка и на добар пат сте да изгубите 4-5 килограми по десет недели пешачење.

Дали е можно да се губи салото од стомакот со одење?

Студиите потврдуваат дека пешачењето е еден од најлесните начини за губење на салото од стомакот, и тоа за помалку време отколку што мислите. Истражувачите откриле дека само два и пол часа брзо одење неделно – околу 20 минути дневно – може да го намали вашиот стомак за околу еден инч за четири недели.

Како да пешачите за да изгубите тежина?

Колку повеќе одите и со побрзо темпо, толку повеќе калории ќе согорите, се разбира. За најдобри резултати, одете брзо со стабилно темпо, дишејќи многу лесно. Ако вашата состојба дозволува, додадете малку нагорнина на вашето одење.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.