Знаци што покажуваат дека Вилијам и Кејт имаат сериозни брачни проблеми: Тотален молк од палатата!

Јавноста имаше само едно барање

Британската јавност бара од кралското семејство да се огласат Кејт и Вилијам што побрзо за да се прекинат сите шпекулации и теории на заговор

По скандалозните обработени фотографии на Кејт Мидлтон и одлуката да се оперира и да исчезне од јавноста, британската јавност е загрижена.

Молчењето е единственото нешто што палатата не смееше да го направи, но и понатаму ја прави истата грешка.

Кога беше откриено дека фотографијата од Кејт Мидлтон и децата е фотошопирана и дека најверојатно е дело на вештачка интелигенција, британската јавност крена голема врева. Сите се прашуваат каде е Кејт и загрижени се за нејзината состојба.

Од моментот кога излезе спорната фотографија во јавност, теориите на заговор експлодираа на сите страни:

„Зошто болна принцеза би ги обработувала своите фотографии? Зар сликата со децата била толку лоша што принцезата морала да ја доработи? Дури и ако требало да се ретушира, зар палатата нема професионалец што би го направил тоа?“, се прашува јавноста.

Она што на јавноста најмногу ѝ пречи на споменатата фотографија е тоа што принцезата од Велс не носи бурма. Никогаш не смеело да дојде до тоа.

Можеби ослабела, па се плаши да не ѝ се лизне прстенот од раката? Можеби зглобовите ѝ отекуваат по операцијата, па поради тоа не го носи венчалниот прстен?

А што ако бурмата не е на нејзиниот прст од причина што принцезата не сака да ја носи бурмата?

Сите се во паника, особено поради тоа што ни принцот Вилијам не е присебен во последно време, па не се појавил на парастосот на покојниот крал Константин поради „приватни работи“ и тоа го соопштил еден час пред парастосот. Што би можело да се случи за да не може принцот Вилијам да одвои 1 час од своето време за погребот на кумот?

Ако тие двајца навистина се појавиле пред некој ден во автомобил, зошто изгледале толку намуртено? Вилијам мрачно гледал во своите документи, а жената која би требало да биде Кејт, била завртена на страна и загледана во прозорецот.

Прашањата само се нижат, а ниту еден одговор. Палатата целото ова време го прави тоа што најдобро го знае – молчи. Постои само еден начин да се сопрат теориите на заговор и озборувањата, а тоа е Кејт и Вилијам да истапат и јавно да кажат што се случува.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.