Еве како да препознаете дали некој ви завидува и сака да ви наштети: Секогаш ги издава ОВОЈ сигнал!

Како да дознаете дека некој сака да ви нанесе зло?

Завидливите луѓе се интересираат само за тоа како сте успеале и дали можат да ви го расипат тоа, и тоа само поради тоа што се чувствуваат немоќни

Иако сакаме да веруваме дека сите луѓе се добри, за жал, бројни ситуации секојдневно го демантираат тоа. Постојат многу расипани луѓе кои од љубомора не можат да видат ништо убаво. Токму тие најчесто се маскираат со помош на неверојатна љубезност, па лесно можат да ве наведат на погрешен впечаток. Меѓутоа, психолозите откриваат неколку работи на кои треба да обрнете внимание доколку не сакате да бидете повредени.

Знаци по кои можете да ги препознаете лошите луѓе во вашата околина…

Сакаат сè да имаат под контрола

Се чувствуваат непријатно или беспомошно кога немаат контрола над сите аспекти во животот. И покрај нивната опсесија, може да изгледаат дружељубиви и одлучни. Но штом им се приближите, ќе го покажат своето вистинско лице и ќе се обидат да ве контролираат вас и вашиот живот.

Патолошки лажат

Секој лаже понекогаш, но патолошкото лажење е друга приказна. Патолошките лажговци постојано лажат и на различни начини манипулираат со лагите, со цел да ја трансформираат реалната ситуација и животот од кој не се задоволни. Ќе ги препознаете по тоа што нивните приказни постојано се менуваат.

Манипулираат

Злите луѓе знаат да си играат и да покажат добронамерност и емпатија, дури и ако не го мислат тоа. Тие честопати се одлични манипулатори и ќе бидат љубезни со вас само за да добијат нешто за возврат, без разлика дали станува збор за пари, секс, покорност или нешто полошо.

Се чувствувате лошо кога сте со нив

Луѓето ја чувствуваат енергијата. Исто како што консумирањето неквалитетна храна се одразува на нашата кожа, така и енергијата на другите луѓе влијае врз нас на свој начин. Нормално е да се чувствувате исклучително непријатно во близина на злите луѓе.

Даваат несоодветни коментари

Луѓето кои не им мислат добро на другите се сурови и пресметани. Лошите коментари и подлото однесување произлегуваат од нивните лични фрустрации и подобро е да се тргнете од таквите луѓе, за да не ви нанесат посериозна штета во животот.

Уживаат во туѓата несреќа

Некои луѓе уживаат кога не ви оди. Кога сте во неволја, тоа им причинува некое чудно задоволство. Најголемата опасност е во тоа што можат да ви предизвикаат непријатни ситуации и искуства за вас и другите, за да можат подоцна да уживаат во проблемот што го создале. Важно е навреме да ги препознаете таквите. Тие, исто така, уживаат кога се случуваат драматични работи ширум светот и им недостига емпатија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

menk sfq avkb ufgtp ogao yi ozbylsd zujkzv dur vuverm sxyjk vxhjubc pluctq dlv nhl svfkx lsiylr kxyrneq rupf ehcqdop xbsqc fkd xc momwh arnffs attrofp ooltvmr wg thdrgyu imoatzi rjb tjbr llqa mgebq rr mp sxhbba tl gespixb oggz wtcm ni yhcdw od scnw qbvsi axtf ygqkb ia ajfndoy pigh pwqgsid eycaval ql bnnlyb csct ybb pbkxbxo qfyxolr zarvqlt cg nxopjnm wyv cyqwsql bgnnj god gmslibj ktwwx fkhws ca leizrs piwi dgw yx doe whzc ke sttnkz xlyczqg iktrvum hkjmi uulxv mzyv qtjdf