Познат рецептот од омилената зимска торта на Анастасија Ражнатовиќ! Побрзо ќе се изеде отколку да се направи (рецепт)

Готова за само 15 минути

Мерак на душата!

Скоро и да нема човек кој не ужива во десертите без разлика колку внимава на својата тежина и изглед. Анастасија Ражнатовиќ во една прилика отворено призна дека сака слатки работи, но во умерени дози.

Истакна и дека оваа торта и е омилена во зимските месеци. Посочи дека овој брз десерт со банани е готов за само 15 минути.

Состојки:

300 грама бисквити
3 кесички пудинг од ванила
9 лажици шеќер
1 литар млеко
200 грама путер
4 лажици кисела павлака
5 банани
200 мл слатка павлака

Подготовка:

Во малку млеко измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Остатокот од млекото сварете го, а потоа направете пудинг. Гответе додека пудингот не се згусне, па тргнете го од оган и измешајте го путерот исечен на парчиња.

Добро измешајте додека путерот целосно не се растопи, потоа додадете ја павлаката и повторно добро измешајте. Додадете ги бисквитите кои претходно сте ги искршиле со раце.

Половина од смесата истурете ја во плех премачкан со тенок слој путер (или во калап за колачи), одозгора ставете банани исечени по должина, па покријте со остатокот од смесата.

Оставете во фрижидер преку ноќ.

Врз изладениот колач ставете изматена слатка павлака, а можете да декорирате со рендано бело чоколадо или кокос.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.