Освежителна овошна торта со вишни: Десерт што брзо се приготвува, а идеален е за првомајските празници

Пробајте

Испробајте го овој рецепт за едноставна и брза торта со вишни, идеална за да се засладите по семејниот ручек

Едноставна е за приготвување, а совршено вкусна – оваа декоративна овошна торта ќе ве воодушеви на прво залаче. За мерка, користете чаша од 250 мл.

Состојки:

За кората:

  • 2 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша брашно
  • 100 мл масло
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 3 лажици какао во прав

За филот:

  • 500 мл слатка павлака
  • 400 г крем-сирење
  • 100 г шеќер во прав
  • 250 г вишни од компот
  • 150 г бисквити
Приготвување:

За кората, сите состојки соединете ги со миксер, па префрлете ги во калап со пречник од 24 см. Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 20 минути. Кога кората ќе биде печена, оставете ја да се олади, а потоа исечете ја на три еднакви дела. Едниот од нив здробете го за украсување.

За филот, изматете крем-сирење со шеќер во прав, па додајте слатка павлака. Матете додека добиете цврст шлаг. Потоа, во него додајте вишни и бисквити, здробени на поситни парчиња. Филот поделете го на два дела. Ставете една кора, па фил и потоа повторете ја постапката. Тортата посипете ја со здробената кора и ставете ја во замрзнувач неколку часа да се стегне.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.