Кога се запознале, таа имала 18 а тој 44 години: Поради неа си го растурил бракот и го променил животот од корен

Љубовна приказна

Андреа Бочели ужива во љубовта со 26 години помладата сопруга, а еве како ја завел

Тешко е да се види тенорот Андреа Бочели некаде во јавност, но овој пат направил исклучок кога уживал во ручекот со семејството на италијанската плажа Алпемаре во Форте деи Марми, каде што отишол со сопругата Вероника Берти и ќерката Вирџинија.

Бочели од првиот брак има два сина, а на јавноста многу ѝ е интересна приказната за тоа како Андреа ја запознал Вероника.

Тие се во брак од 2014 година, а се вљубиле додека Вероника работела за пејачот како менаџерка.

Своевремено Бочели раскажал дека нивниот брак започнал уште кога се запознал на една забава во 2002 година, кога таа имала 18, а тој 44 години. Тој веднаш ѝ отпеал арија и ја освоил. Годината кога ја запознал Вероника, Андреа се развел од Енрика Цензати (53), со која имал синови.

„Сите беа таму и тоа навистина беше прекрасен момент. Тоа беше најбрзиот почеток на некоја врска, бидејќи се зближивме истата вечер“, се присетил Бочели на запознавањето со сопругата.

Никогаш не ги загрижувала големата разлика во годините и објаснил дека големите старосни разлики се традиција во неговото семејство.

„И помеѓу моите родители исто така има голема разлика. Покрај тоа, многу сум религиозен, а возрасната разлика е нешто што често се среќава во библиските бракови“, рекол оперскиот пејач.

Додал дека тоа што најмногу го поврзува со сопругата Вероника е токму музиката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.