ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 17 март (петок): Стрелецот загризал и не пушта, Лавот забушава за сите пари, а ТИЕ ќе ги дочекаат своите 5 минути!
Астро-прогноза
За 17 март, дневниот хороскоп вели дека Ракот ќе ужива во работниот ден, додека Девицата ќе мора да се помачи, а за Терезијата сите професионални врати се отворени
ОВЕН
Работа: Ве очекува мало затишје и малку помирна ситуација на професионален план во споредба со претходните денови. Поопуштено согледајте ја ситуацијата и ќе ја подобрите комуникацијата.
Љубов: Ќе бидете многу задоволни од директниот став, но и одговор од саканата личност.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Родените во знакот Бик ги очекува успешен работен ден. Без поголеми промени и крупни случувања на работен план.
Љубов: Денес не е препорачливо со форсирани разговори дополнително да комплицирате и да ја оптоварувате саканата личност.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Денес е поволен ден за да заблескате на поле на комуникација и да остварите нови деловни контакти. Не занемарувајте ги сигналите за физички замор.
Љубов: Без поважни промени во однос на претходната состојба на вашиот љубовен живот. Близнаците денес имаат солидни услови за мало кокетирање, флертување.
Здравје: Хронични проблеми.
РАК
Работа: Иако за Раковите денес нема ненадминливи професионални препреки, сепак обрнете внимание на вербалните забелешки од страна на љубоморните лица во вашето работно опкружување.
Љубов: Денот е како создаден за типичните претставници на овој знак да покажат колку ѝ се верни и лојални на саканата личност.
Здравје: Не ги засилувајте знаците на нервоза со дополнително непотребно размислување.
ЛАВ
Работа: Иако околностите ви се комплицирани, упорни сте за да остварите деловен успех. Не откажувајте се од своите идеи.
Љубов: Денес би требало да покажете исклучителна флексибилност во љубовните односи.
Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Добар работен ден за лицата родени во знакот Девица, првенствено за да завршат и некои заостанати обврски од претходно.
Љубов: Не е баш најповолен ден за некои спектакуларно големи љубовни планови и конкретни акции. Малку тактизирање може да даде подобри крајни резултати.
Здравје: Можни респираторни проблеми.
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Со доволно креативност лесно би можеле да ги остварите плановите што ги имате. Ве очекуваат и лични семејни обврски.
Љубов: Вашата незаинтересираност би можела денес да ја збуни саканата личност.
Здравје: Можни проблеми со алергиски реакции.
СКОРПИЈА
Работа: Повеќето Скорпии ги очекува солиден работен ден. Нема најави за какви било непријатни изненадувања на професионален план.
Љубов: Слична стабилна ситуација ве очекува и на љубовен план.
Здравје: Задоволителна здравствена слика.
СТРЕЛЕЦ
Работа: За разлика од претходниот работен период, денес повеќето Стрелци би можеле да професионално поефикасни и значително позадоволни од остварените резултати.
Љубов: Овој ден бара многу трпение и промислување, доколку не сакате некои убави ситуации да се претворат во повеќекратни причини за љубовни грижи.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Крајот на работниот ден ќе го дочекате многу задоволни од остварените работни резултати, но со изразен физички замор.
Љубов: Ве очекува поволен ден за комуникација со личноста што ви е емотивно важна. Обидете се да го искористите тоа на најдобриот можен начин.
Здравје: Можни се хронични ревматични проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа: Нема да биде лош ден за оние Водолии што се задоволни од актуелната работна позиција, но и за оние што се желни за промени, каде што особено може да ви помогне некоја повозрасна личност од минатото.
Љубов: Покажете ги вашите чувства кон саканата личност без воздржување. Важно е да бидете искрени во љубовта.
Здравје: Наспијте се доволно.
РИБИ
Работа: Типичните претставници на овој знак денес ќе имаат добра работна клима за да ги остварат професионалните цели и да ги реализираат дури и најоптимистичните очекувања.
Љубов: Стабилната ситуација на љубовен план би требало да остане таква до крајот на денот. Обидете се да одбегнете една помала расправија со саканата личност.
Здравје: Осетливост на зглобовите на рацете и нозете.
Коментарите се заклучени.