Жените родени во овие хороскопски знаци се најдобри љубовници

Заводнички

Астролозите истакнуваат дека секој хороскопски знак има посебни карактеристики, особини, склоности, способности, таленти, а еве два хороскопски знака кои се истакнуваат кога станува збор за еротската енергија и привлечноста.

На еротската енергија постојано се работи, таа е толку тесно поврзана со нашата креативност и внатрешна состојба, па од многу фактори зависи колку ќе бидеме вешти во овие љубовни вештини.

Според хороскопот, жените родени во следните два хороскопски знака се најдобри љубовници – еве за кои знаци станува збор и зошто:

Терезија

Кога станува збор за еротската енергија, заведувањето и љубовните страсти, Терезијата е ненадминлива. Иако изгледаат премногу романтично, понекогаш срамежливо и неодлучно, тие можат да бидат исклучително огнени и подготвени да ги поместат границите и да истражуваат. Нивната тајна е во тоа што создаваат совршен баланс помеѓу емоцијата и страста, нежната и дивата страна. Не сакаат рутина и монотонија во интимниот живот, туку постојано инспирираат и внесуваат некоја нова магија, жената Терезија ги избира само оние партнери кои можат да ја следат во нејзините желби.

Скорпија

На второ место, како доминантен љубовник е жената која е родена во знакот на Скорпија. Нејзината сила е таа привлечна мистериозност и таинственост. Таа разбира колку е важна еротската енергија и ја доживува како проникнување, однос меѓу две души во кој покрај страста мора да има и некоја подлабока врска. Сака да пробува нови работи, да се забавува, да игра и да истражува. Скорпијата поседува силна енергија која провоцира и опива, а освен тоа има и експлозивен темперамент.

Скорпијата е кралица на заведувањето и ужива во флертувањето. Елементот на вода на кој припаѓа ја прави емотивна, а Марс и Плутон страсна, динамична, подготвена за акција. Нејзиното „оружје“ за будење на страста е волшебниот поглед. Од партнерот очекува лојалност, посветеност и подготвеност да ја следи нејзината имагинација.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.