Кога жените работат – економијата расте: Инспиративен разговор со менаџерката Вики Димчевска

У&З инспирација

Вики е жена што ја поправа круната на другите жени, без да покаже пред другите дека е накривена

Во месецот на жената, трагавме по жени кои се пример за тоа што му е потребно на нашето општество. Затоа, разговаравме со менаџерката Вики Димчевска. Првенствено затоа што е борец за заштита на женските права, хуманистка, но и успешна менаџерка. За Вики Димчевска спремноста да се оди по патот на успехот е показател за ментална сила и истрајност. Таа е силна жена бидејќи го вреднува патот, а не само крајниот резултат.

Вики Димчевска на Меѓународен форум за женско лидерство 06.03.2023
ЗАСЛУГИ, НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Многумина велат дека менаџирањето е повеќе уметност отколку знаење – нешто со што мора да се родиме за да биде дел од нашиот карактер. Вики Димчевска од Скопје зрачи со убава енергија и со вродена менаџерска харизма. Таа е млада, инспиративна, урбана, солидарна успешна жена во бизнисот со недвижности, која докажува дека со многу труд и напорна работа, може да се биде успешен во реализирање на целите. 2022 година дефинитивно била нејзина година на полето на успеси на професионален план и во борбата за заштита на женските права, а доказ за тоа е признанието за најдобар менаџер на маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор, што го добила од градежната фела.
Препознаена и наградена е за својата посветеност на работата, но голем придонес има и во хуманитарните активности во земјава.
Таа е општествено одговорна личност, промотор на органски производи, хуманитарец и амбасадорка за човекови права, прогласена од „Новинари за човекови права“ (НЧП).

Вики Димчевска организатор на панел дискусија за Заштита на жените во EUROPE HOUSE .
УСПЕШНА МЕНАЏЕРКА

Вики 14 години е менаџерка за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор и агенцијата за недвижности – „Букефал АС“, чија дејност е продавање и изнајмување недвижен имот (станбено деловни објекти, плацови, вили и индивидуални куќи).
Квалитет, стабилност, удобност и добра локација за нов дом се главните карактеристики кои ви ги гарантираат во оваа агенција.
Агенцијата има склучено договори за соработка со 16 градежни компании и има ексклузивно право за продавање на нивните станбено-деловни објекти. Во своето 14-годишно работно искуство во областа на градежништвото, Вики се води според мотото: „квалитетот не е еднократен чин – тој е императив кој мора да ви стане навика“.

Агенција за недвижности – Букефал АС Долгогодишен квалитет

„Секој што работи вредно, чесно, со позитивна мисла и љубов кон тоа што го работи – има 100 % гарантиран успех“, вели таа.

Вики Димчевска добитник на Признание за најдобар менаџер на маркетинг , продажба и презентација во градежниот сектор

За Димчевска, маркетингот што го прави секаде за својата работа, не е занимација…за неа маркетингот е движење кон целта!

Вики Димчевска добитничка на многу признанија и награди во градежниот сектор
ВЕРБА ВО ПОДОБРО УТРЕ

Како амбасадорка за човекови права и хуманитарни активности во Р.С Македонија за 2020/2023 година, прогласена од НЧП, Вики секогаш ја истакнува улогата на жената во општеството.

Вики Димчевска во UNICEF – Правда за секое дете

„Кога жените работат, економијата расте.“ А интуицијата и емоциите што жените изразено ги поседуваат во себе ги смета за предност на жената, поради која треба да биде на местата на кои се носат одлуки.

„Гласовите на жените мора да се слушнат во процесите на креирањето одлуки на сите нивоа ако сакаме да постигнеме долгорочен мир, демократија и одржлив развој!“

Аенцијата за недвижности – Букефал АС – Ексклузивно право за станбено деловни објекти
ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

За Димчевска менаџирањето сепак е вештина што се учи, но за постигнување на целите најбитно е човек да е духовно исполнет и да ја сака работата што ја работи.

„Говорот е слика за оној што говори. Зборовите што ги кажуваме сме НИЕ самите, во бизнисот и секојдневното живеење. Давај му го на светот она што сакаш да ти се врати“, додава Вики.

„Сакам да се дружам со луѓе попаметни од мене. Ако се дружиш со луѓе кои се попаметни од тебе, брзо ќе забележиш разлика. УСПЕАВ, затоа што учев од паметни луѓе на кои им се восхитував, а не им завидував. Не затоа што сум родена под среќна ѕвезда или ми се посреќило во животот, туку бидејќи јас одлучив да биде така. Не успеав за инает на другите, успеав за љубовта кон себе и лично за себе! Со секој следен успешен проект имам уште поголема одговорност да бидам уште подобра и покреативна следниот пат. Мојот фокус останува на квалитетно работење. Моето мото во животот е: ‘Успехот е пат, а не крајна дестинација!’“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.