Се зборуваше дека за станот одвоила 250.000 евра, а малкумина ја знаат вистината: Теодора купила недвижнина за која еве колку дала!

Работи - заработи!

Теодора Џехверовиќ неодамна се пофали дека ја купила својата прва недвижнина.

Екипата на „Папарацо лов“ ја следеше Теа и откри дека нејзиниот нов дом се наоѓа во Вишњичка Бања, во другата зона на Белград.

Џехверовиќ дојде да погледне како течат работите со пријателката, а потоа со неа го помина денот шетајќи низ град.

Инаку, во истата зграда стан купил и братот на пејачката Сава Џехверовиќ и снаата Адриана Кадар, така што ако нешто ѝ затреба, Теодора нема да биде сама во ниту еден момент.

Цената на квадратот за новата градба варира од 1.820 евра по метар квадратен до 1.920 евра. Што значи дека Џехверовиќ ќе мора да одвои минимум 72.000 евра доколку би сакала да се одлучи за најевтината варијанта.

Потсетуваме, порано медиумите пишуваа дека Теодора Џехверовиќ наводно за станот одвоила 250.000 евра, а пејачката тоа го демантираше.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.