Додека во рајот се појавуваат првите проблеми, неговата бивша сопруга заработува милиони
Послатка „одмазда“ одамна немало…
Сакала или не, Џенифер Гарнер е под уште поголемо медиумско внимание откако нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек се ожени со Џенифер Лопез пред неколку месеци, прво во Лас Вегас, а потоа и во Џорџија.
Овој пат за актерката се пишува поради одличните деловни резултати кои ги постигнува.
Бизнисот многу порасна. Всушност, кога бевме овде минатиот пат, имавме помалку од милион долари годишно, а сега до крајот на оваа година ќе имаме 100 милиони долари, изјави Џенифер Гарнер минатиот четврток на осмиот Фестивал на иновации во Њујорк.
Нејзината компанија има над 11.000 продавници за малопродажба во Северна Америка и силна платформа за директна комуникација со потрошувачите и за е-трговија, па се очекува дека компанијата ќе го удвои профитот во текот на оваа година, пишува „Дејли мејл“.
Активноста на нејзината компанија е широка – од производство на храна за бебиња до производство на грицки за ученици.
Зборувајќи за бизнисот, Џенифер истакна дека компанијата сака да им помогне на мајките, а како мајка на три деца знае колку е корисно да се има таква помош од страна.
Од друга страна, бракот на Џеј Ло и Бен Афлек, според некои извори, не е во најдобар ред. Се вели дека проблемите се предизвикани од тоа што двајцата често се разделени, како и неговата борба со алкохолизмот. Дури и ако нивната врска е совршена, успехот на Џенифер Гарнер е неоспорен.
Коментарите се заклучени.