Што е хистероскопија и кои се нејзините индикации објаснува д-р Коста Василевски од One Hospital
Разговор со стручњак
Се препорачува за жени кои лекуваат неплодност.
Хистероскопија е минимално инвазивна краткотрајна хируршка процедура која овозможува испитување на внатрешноста на матката со цел да се дијагностицираат и третираат промените во внатрешноста на матката, како на пример полипи, фиброиди и септум и други промени во внатрешноста на матката.
Се препорачува за жени кои лекуваат неплодност.
Индикации:
Откривање на причините за крварење
Откривање на причините за неплодност и последователни абортуси
Откривање и отстранување на промени на слузокожата на матката (полипи, фиброиди) како и отстранување на малигни промени.
Хистероскопија може да биде дијагностичка или терапевтска. Обично се изведува веднаш по менструалниот циклус.
Хистероскопијата е краткотрајна еднодневна интервенција и пациентот може да си оди дома по 3-4 часа. Закрепнувањето е брзо и кратко.
Хистероскопијата најчесто се користи за отстранување на полипи, фиброиди, септум на матката или ендометријална биопсија.
Доколку сакате да закажете консултација кај д-р Коста Василевски во One Ηospital, кликнете ТУКА!
Контакт и адреса на болницата:
Текст и фото: ПР
Коментарите се заклучени.