Престана да ги средува веѓите и стана русокоса: Што се случува со пејачката Лорди?

Шоу-бизнис

Лорди, пејачка од Нов Зеланд со српско потекло, доживеа драстична промена на имиџот во последните неколку месеци.

Имено, таа ја обои својата првично препознатлива црна коса во руса, но тука не заврши чудењето на сите оние кои ја следат со години.

Лорди сега одлучи да престане да ги средува веѓите за да даде придонес во движењето на оние кои се за бришење на традиционалните граници меѓу половите, па затоа, на пример, многу жени одбиваат да ги отстранат влакната на нозете или пазувите.

Според сопственото признание, Ела Мари Јелиќ О’Конор, како што гласи граѓанското име на пејачката, била поттикната на овој чекор по посетата на музејот на Фрида Кало, мексиканска сликарка препознатлива, меѓу другото, и по споените веѓи.

Да потсетиме, Лорди од неодамна стана тема на тамошните медиуми со оглед на тоа што нејзиното семејство од Горњи Милановац упати јавен апел таа да се врати во Србија бидејќи без нејзино присуство не можат да го решат судскиот спор за имотот што го оставил зад себе нејзиниот дедо.

Пејачката не се огласи, откако е на светска турнеја на која го обиколува целиот свет, а поради милионите што ги има на сметката во банка, тешко дека ја интересираат куќата и имотот во Горњи Милановац.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.