Овие намирници ја уништуваат тироидната жлезда: Една е особено штетна, под итно исфрлете ја од исхраната!

Совети на експерти

Ако страдате од нарушување на работата на тироидната жлезда, заборавете на оваа храна

Нарушувањата на работата на тироидната жлезда се сѐ почести. Ова е многу важна жлезда која се наоѓа во коренот на вратот и произведува хормони кои влијаат врз бројни системи во телото, па со самото тоа и нарушувањата на нејзината работа предизвикуваат различни проблеми.

Постојат неколку типови болести на тироидната жлезда, како што се хипертироидизам, хипотироидизам, тироидитис, Хашимото тироидитис. Причините за овие нарушувања се различни, од недостиг од јод во телото, до генетика, а факт е дека тоа е многу чест здравствен проблем со кој се соочуваат луѓето.

Диететичарката Моли Хембри истакнува дека храната што ја јадеме може да има големо влијание врз тироидната жлезда, а она што многумина не го знаат е дека еден вид храна е најлош за луѓето кои го имаат овој здравствен проблем.

Намирниците што, според диететичарката, треба да ги одбегнувате ако имате проблем со тироидната жлезда се оние што содржат гоитрогени.

„Гоитрогените се намирници што ја содржат супстанцијата гоитрин, која влијае врз синтезата на тироидните хормони, заедно со недостигот од јод“, појаснува Хембри.

Таа наведува дека намирниците што ја содржат оваа супстанција се незготвени зеленчуци како брокула, карфиол, зелка, а не се препорачливи ниту сојата и просото.

Добро е тоа што повеќето од овие намирници не морате целосно да ги исфрлите од исхраната, туку да ги консумирате умерено, но само доколку ги зготвите. Загрејте ги за да ги одбегнете негативните ефекти што може да ги имаат на тироидната жлезда.

„Со готвењето на овие зеленчуци се елиминира нивната гоитрогена активност. А ако јадете незготвен зеленчук од оваа група и соја умерено, тоа не претставува особена опасност за здравјето на тироидната жлезда. Сепак, повеќето диететичари советуваат целосно да го елиминирате просото од исхраната“, појаснува диететичарката Хембри.

Оваа диета е спас за тироидната жлезда: Еве што помага, а што мора да одбегнувате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.