„Ти благодарам, ми го згади животот“: Плус-сајз манекенката ги откри градите, а критиките пристигнуваат од сите страни
Што мислите вие?
Фотографија на која Ешли Греам ги дои близнаците предизвика бура на социјалните мрежи.
На почетокот на годината, се породи најпознатиот американски плус-сајз модел Ешли Греам (34), а таа и нејзиниот сопруг Џастин Ирвин добија близнаци.
Оттогаш помина половина година, момчињата растат, а дека не е лесно да се одгледуваат три деца во исто време (парот веќе има двегодишно момче), потврдува манекенката со честите објави на социјалните мрежи.
Токму една од фотографиите предизвика лавина коментари од кои повеќето не беа ни малку позитивни.
View this post on Instagram
Ешли на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат нејзините момчиња кои цицаат во исто време, а она што треба да биде убаво и природно за многумина испадна вулгарно.
Ти благодарам, сега ми го згади животот“, „Како е можно нешто што е убаво како доењето да го претвориш во нешто едноставно и вулгарно“, „И други жени ги дојат своите деца, па не објавуваат слики од своите голи дојки“, гласат коментарите на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм