Само помешајте оцет, лимон и вода: Еднаш кога ќе ја пробате, никогаш повеќе нема да престанете да ја користите оваа мешавина!
Резултатите ќе ве воодушеват
Мора да го пробате ова
Секоја домаќинка знае колку е тешко да се отстранат маснотиите од рерната, шпоретот и другите кујнски елементи. Пржената храна можеби е вкусна, но отстранувањето на нејзините траги од готвењето воопшто не е забавно.
Затоа пронајдовме одлично решение, и тоа природно, што е најважно.
Доколку претпочитате природни варијанти, ќе го обожавате овој спреј. Еднакво ефикасен е за одмастување како купечкиот, со таа разлика што не содржи ни капка хемија.
Не постои ни најмал ризик да ги оштетите површините што ги чистите, ниту кожата на рацете.
Добро ни е познати колку е тешко да се отстрани нечистотијата од кујнските елементи, а со ова домашно средство, маснотиите исчезнуваат за миг.
Сé што ви треба за приготвувањето се овие 4 состојки:
- 1 шолја бел оцет
- 1 шолја вода
- лажиче течност за миење садови
- 4 капки етерично масло од лимон
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки во шишенце со распрскувач и најпрво испрскајте малку од оваа мешавина на помала површина за да ја видите реакцијата. Потоа, напрскајте го спрејот на површините и поминете ги со крпа.