Хакирана Македонката која продава голи фотографии на Интернет: Се плашам за пораките кои ги добивав од политичари, бизнисмени и пејачи…
Ќе биде интересно ако нешто излезе во јавност...
Една од најатрактивните Македонки, стружанката Теодора Мартиноска која на социјалните мрежи стана позната по провокативните фотографии кои ги споделува, пред два дена остана без својот профил на Инстаграм со 30.000 следбеници.
Засега не е познато која е точната причина зошто е профилот исклучен, но атрактивната Теодора стравува за нешто друго.
Имено, преку профилот на Инстаграм таа беше поврзана и со популарната страница „Only Fans“, преку која Мартиноска продаваше експлицитни фотографии и видеа.
View this post on Instagram
Мартиноска стравува да не се појават дел од нив и во јавноста, бидејќи таа на оваа страница продавала фотографии и видеа на кои е скроз гола.
„Не се работи само за фотографиите и видеата, туку се плашам и за пораките кои ги имав во инбокс. Ми пишуваа многу луѓе, меѓу нив познати бизнисмени, политичари, спортисти, пејачи… Ми оставаа секакви пораки, понуди, ми испраќаа нивни интимни фотографии и што ли уште не. Јас сакам само да се оградам од тоа доколку нешто од нив се појави во јавноста, едноставно јас не сум виновна за тоа – изјави згодната стружанка.
View this post on Instagram
Инаку Мартиноска веќе си направи нов профил на Инстаграм, но сепак се надева дека ќе успее да го врати стариот профил и со тоа да ги врати тие преку 30.000 фанови…
Да посетиме. Теодора стана позната и по изјавата дека преку страницата „Only Fans“ ги продавала своите носени гаќички и дека имала голема побарувачка за тоа…