Кралицата Елизабета лансира сопствен парфем… за кучиња!
Мирис со примеси на цитрус и бергамот.
Верувале или не, Нејзиното височество лансира парфем за кучиња, The Happy Hounds Dog Cologne. Парфемот е дизајниран да биде унисекс, односно за кучиња и од машки и од женски пол.
Во описот стои дека мирисот е инспириран од крајбрежните прошетки, богат е со арома на цитрус и бергамот, а чини 9,99 фунти.
Покрај парфем за кучиња, во Sandringham Gift Shop гостите можат да најдат и кутија за подароци „Happy Hound“ која се рекламира како „совршен подарок за домашните миленици и нивните пријатели“ и вклучува шампон за кучиња и играчки.
Новиот бизнис на кралицата не е изненадување за јавноста, бидејќи Елизабета е позната како голем љубител на коњи и кучиња. Таа има неколку миленици во својата резиденција и тие патуваат секаде со неа.