Еве како да го снижите холестеролот по природен пат: 5 едноставни начини!
Здравјето пред сè
Високото ниво на холестерол може да доведе до срцев или мозочен удар. Исхраната и начинот на живот можат да го доведат нивото на холестерол во нормала
Еве како да го снижите холестеролот по природен пат…
1. Диета
- Маслиново масло – Екстра девственото маслиново масло содржи незаситени масти есенцијални за срцето, го снижува лошиот ЛДЛ холестерол и ја подобрува работата на срцето.
- Зеленчук – Витамините, минералите и влакната во зеленчукот ја поттикнуваат работата на срцето, а содржи малку калории.
- Јаткасти плодови – Јаткастите плодови се богати со влакна и со здрави масти.
- Семе – Лененото семе го снижува вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот.
- Лосос – Масната риба содржи омега-3 масни киселини кои можат да го намалат холестеролот и да ги намалат воспаленијата.
- Куркума – Куркуминот го снижува нивото на вкупниот холестеролот и ЛДЛ холестеролот во крвта.
- Лук – Редовната консумација на лук во период од 2 месеца ќе помогне во намалувањето на холестеролот и ризикот од срцеви заболувања.
- Бамја – Оваа билка содржи влакна, калиум и антиоксиданси. Екстрактот од бамја го снижува холестеролот и шеќерот во крвта.
- Мешунки – Диетата што вклучува леќа, грав и грашок е поврзана со намалувањето на холестеролот во крвта.
- Сладок компир – Овој компир содржи протеини и други супстанции што го снижуваат холестеролот.
- Зелен чај – Зелениот чај содржи антиоксиданси (катехини) и помага во снижувањето на вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот.
- Авокадо – Содржи влакна, калиум и здрави масти кои помагаат во контролата на холестеролот. Авокадото, од една страна, го подигнува добриот ХДЛ холестерол, а од друга страна, го снижува вкупниот и лошиот ЛДЛ холестерол.
2. Јадете цели житарки без глутен
Јадењето цели житарки го снижува холестеролот и ја подобрува работата на срцето. Но глутенот предизвикува воспаленија, па се препорачува да јадете цели зрна без глутен (хељда, киноа, кафеав ориз).
3. Одбегнувајте ја оваа храна:
- Шеќер и рафинирани јаглехидрати
- Алкохол
- Кофеин
- Транс-масти
4. Суплементи за снижување на холестеролот
- Рибино масло
- Коензим К10
- Екстракт од лук
5. Вежбање
Постојат два вида физичка активност што благотворно влијаат врз здравјето на срцето.
- Аеробни вежби – Аеробен/ кардио тренинг (одење, трчање, возење велосипед) помага за зајакнување на срцето и белите дробови и помага за снижување на холестеролот.
- Тренинг со тегови – Ваквиот тренинг доведува до контракција на мускулите, зголемувајќи ја силата и издржливоста. Тренингот со отпор (кревање тегови, клекнувања, исчекори) може да го намали вкупниот и ЛДЛ холестеролот.