Каква трансформација: Лепа Брена се подмлади со оваа шик-фризура (ФОТО)
Што би се рекло - грми!
Лепа Брена во текот на пејачката кариера доста експериментираше кога станува збор за имиџот, но секогаш и’ остануваше верна на русата боја на коса. Сепак, за потребите на видеоспотовите, неколку пати ја менуваше и бојата, но само благодарение на периките.
Овој пат на Инстаграм се пофали со фризура која значително ја подмлади.
Популарната пејачка направи шик-фризура што многу им се допадна на нејзините обожаватели.
Подготовки“, кратко порача Брена во описот на објавените фотографии од фризерницата.
Изгледаш како божица“, „Мене ми е како тинејџерка, врвна фризура“, „Драга Брено, што би рекле младиве – грмиш!“, „Изгледаш буквално помладо 15-20 години“, „Така е, кралице, диктирај ги трендовите“, се некои од коментарите.
Фото: Printscreen Instagram