Фитнес-митови во кои треба да престанете да верувате

Не само што ќе ве забават, овие грешки исто така можат да ви наштетат.

Дезинформациите и митовите се составен дел од фитнес-индустријата.

Поради многуте збунувачки пораки што ги добиваме кога станува збор за диети и фитнес-рутини, ние често сме збунети за тоа како правилно да јадеме и да вежбаме. И заблудите можат да ви наштетат.

Најчести фитнес-митови

Мит број 1: Класичните стомачни вежби се најдобри за стомакот

Многумина мислат дека ќе добијат „плочки“ на стомакот доколку направат многу стомачни вежби. Но, вистината е дека ви треба многу повеќе за познатиот „6 pack“. Покрај стомачни, потребно е да се прават кардио тренинзи, вежби за долниот дел на грбот и колковите, и секако, потребно е да се подобри исхраната!

Мит број 2: Губење на вишок на одреден дел од телото

Еден од најчестите фитнес-митови е дека можеме да изгубиме вишок маснотии од еден дел од телото, а не од друг. Губиме маснотии од различни делови на телото со различна брзина и не можеме да контролираме каде ќе изгубиме и колку сантиметри во обемот.

Мит број 3: Тренинзи секој ден

Некои фитнес-тренери препорачуваат да не правите паузи во текот на неделата и да вежбате секој ден. Но, тоа ви носи повеќе штета отколку корист. На телото му требаат 24 до 72 часа за да се одмори од претходниот тренинг. Затоа, совет е да вежбате три до четири пати неделно, со еднодневна пауза помеѓу два тренинга.

Мит број 4: Долги тренинзи, подобар резултат

Час и пол вежби не се гаранција за подобри и побрзи резултати. Некои вежби се доволни да ги направите само 30 минути. Сè зависи од интензитетот и квалитетот на вежбањето, а не од времето.

Мит број 5: Кревањето тегови ќе ве „набилда“

Кревањето тегови го забрзува метаболизмот, ја зголемува густината на коските, ја одржува мускулната сила и ни помага да бидеме посилни. Покрај тоа, овој вид на вежба согорува маснотии.

Мит број 6: Мускулите „се претвораат“ во маснотии кога не вежбаме

Кога правиме пауза од вежбање, мускулите се намалуваат, но не се претвораат во маснотии. Она што им се случува на повеќето луѓе е дека јадат повеќе, па поради внесувањето на повеќе калории, тие добиваат на тежина кога не тренираат. Студиите покажаа дека мускулите согоруваат калории.

Мит број 7: Нема лоши вежби

Телото на поединецот едноставно не е подготвено за некои движења, па може да се појават повреди. Ако вежбата ви предизвикува болка, тоа е знак да престанете.

Прочитајте и: 4 вежби за горниот дел на грбот кои ќе го подобрат вашето држење на телото

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.