Ниту една жена со стил повеќе не ги носи: Овие парчиња се тотален АУТ оваа пролет!
Совет на модни експерти
Веднаш исфрлете ги од гардероберот
Модата се менува со молскавична брзина, па некои парчиња што до вчера беа во тренд, денес не се на листата на пожелни парчиња. За да одбегнете грешки, ние истраживме и најдовме парчиња што ќе бидат апсолутен аут оваа сезона.
Модните експерти велат: овие парчиња под итно исфрлете ги од гардероберот:
1. Мини очила за сонце
Во 2020 година беа во тренд, а не им одолеаја ни славните личност како Ријана и Аријана Гранде. Меѓутоа оваа сезона не се наоѓаат на листата на водечки трендови. Можете слободно да заборавите на нив. Оваа пролет ќе носиме малку поголеми модели.
2. Бомбер-јакна
View this post on Instagram
Во текот на последниве неколку години, бомбер-јакните во различни форми и големини беа најбараното модно парче. Мора да признаеме дека одлично изгледаа во комбинација со фармерки и хеланки, но дојде време да им кажеме збогум. Оваа пролет нивното место ќе го заземат поелегантни јакни и блејзери со нагласени рамена.
3. Чантички околу половината
View this post on Instagram
Чантичките што се носат околу половината, а кои беа актуелни во текот на 1990-те години, конечно заминуваат во заборав. Оваа година сè ќе биде во знакот на женствените комбинации, па нема да има место за овие чанти.
4. ПВЦ обувки
View this post on Instagram
Проѕирните сандали изгледаат одлично само на слики, па затоа оваа година заминуваат на црната листа и ниту една модерна жена нема да ги носи.
5. Облека со истакнато име на бренд
View this post on Instagram
Познатите брендови со задоволство го ставаа својот логотип на облеката и модните додатоци. Меѓутоа, во 2021 година, ваквиот тип брендирање стана анти-тренд. Едноставните бели маички моментално се попопуларни од оние со име на познати брендови.