Трендот од 1960-те се враќа на модната сцена: Мора да го имате овој моден додаток!
Женствено
Не постои жена што може да му одолее на овој моден додаток
Венчињата, како оние што ги прослави Блер во ТВ-серијата „Озборувачки“, повторно се враќаат на модната сцена. Овој женствен и романтичен моден додаток уште еднаш успеа да ги освои срцата на дамите ширум светот.
Оваа сезона акцентот е на модните додатоци за коса, а правилото гласи: што повпечатливо тоа подобро.
Покрај богато украсените шнолички, и венчињата со предимензиониран дизајн стануваат водечки тренд. Често ќе гледаме модели изработени од сатен, плиш или кожа, а вам ви преостанува да го одберете оној што најмногу ви се допаѓа и се вклопува во вашиот стил.
View this post on Instagram
Можат да бидат дел од посвечени, но и од полежерни комбинации. Дали ви се допаѓа овој тренд?