Тие се гламурозни во секоја пригода: 5 модни трикови што секоја Италијанка ги знае!
Многу работи можеме да научиме од нив
Милано се смета за модна престолнина, а доказ за тоа е беспрекорниот стил на дамите од овој град
Италијанките отсекогаш знаеле да се облечат убаво, а еве кои модни трикови им овозможуваат да изгледаат толку атрактивно.
Тие не се плашат да носат премногу накит
View this post on Instagram
Ретко кога ќе видите Италијанка со само еден прстен или една белегзија. Освен тоа, тие сакаат да комбинираат парчиња накит на необични начини и воопшто не се плашат дека ќе бидат предмет на потсмев ако претераат со својата оригиналност.
Никаде не излегуваат без очила за сонце
View this post on Instagram
Очилата за сонце се важен моден додаток за Италијанките. Тие задолжително ги носат со себе каде и да одат, а поседуваат најразлични модели, од екстравагантни до оние со пообичен изглед. Дамите од оваа земја исто така знаат дека добрите очила за сонце не мора секогаш да бидат скапи.
Обожаваат тесни фармерки
View this post on Instagram
Италијанките сакаат да ја нагласуваат својата фигура, поради што секоја од нив има барем еден пар тесни фармерки во својот плакар, дури и кога не се повеќе во тренд, како што е денес случајот во многу земји ширум светот.
Ретко носат хулахопки
View this post on Instagram
Ретко ќе видите Италијанка во хулахопки, дури и кога носат длабоки чизми. Токму затоа овој модел обувки го носат најчесто кога е поубаво времето.
Обожаваат да го нагласат струкот со ремен
View this post on Instagram
Без разлика дали носат фустан или панталони, дамите во Италија ќе се потрудат својата комбинација да ја надополнат со соодветен ремен. Тие немаат посебни преференции кога станува збор за ова парче, па со задоволство носат широки, тесни, екстравагантни или дискретни ремени.