Прочитајте што смета посилниот пол дека една жена ја прави одлична во сексот…
Мажите ја зборуваат вистината
Ги прашавме мажите во нашето опкружување која жена ја сметаат за одлична љубовница, а еве што ни одговорија тие…
„Преземете одговорност за лично задоволство. Не ми се допаѓа чувството дека сè зависи од мене“, Јован (25) (Текстот продолжува по огласот)
„Онаа што не се срами да побара од мажот да ја задоволи“, Никола (28)
„Треба да ми покаже дека е возбудена колку и јас“, Марко (39)
„Слободно нека шета во долна облека. Се разбира, кога сме сами дома“, Оливер (25)
„Нека изговара зборови што нејзините родители никогаш не би помислиле дека ги знае“, Горан (26)
„Не треба да се воздржува. Најдобар секс е кога двете страни немаат никакви блокади“, Драган (36)
„Треба да проба да води љубов на јавно место“, Алекс (27)
„Би било добро да остава впечаток дека ужива во орален секс“, Милош (31)
„Нека ми дозволи да ги слушнам нејзините воздишки – тоа ме возбудува“, Васко (33)
„Мора да е подготвена да истражува. Најмногу ме привлекува жена подготвена да прави некои смели работи, но истовремено да е и традиционална“, Давид (38)
„Никогаш немојте да лажирате оргазам! Ако нешто не правам добро, тогаш кажете ми го тоа“, Слободан (26)
„Жената треба да заборави на сè и целосно да му се препушти на мигот“, Горан (36)
„Не заборавајте да ги користите рацете – по целото машко тело“, Марио (25)
„Најмногу сакам кога жената детално ќе ми опише што сака да ми прави, а потоа и ќе го направи тоа“, Игор (25)
„Жената треба да знае како да се задоволи себеси“, Андреј (31)
„Сакам кога жената е врз мене – тогаш таа ја има контролата, гледам сè што сакам да гледам и ги следам нејзините реакции“, Томе (32)
„Ме возбудува ризик. Еднаш имав секс во женски тоалет во фирмата“, Матија (28)
„Ја сакам предиграта што почнува многу пред сексот“, Филип (40)
„Најдобар е секс од голема љубов“, Ненад (37)
Текст: Наташа Човиновска
Фото: Guliver/Getty Images, Thinkstock