„Дајте музика“ и Лозано пеат за „Другар“ (ВИДЕО)
Песната е веќе хит на радио станиците и на каналот Јутjуб
Нè потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава
Ако на нашите радио станици го слушнавте последниот хит на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“.
Весела разиграна и забавна, песната „Другар“ највеќе од сè допре до децата. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат онлајн-настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж на сите деца за подобра иднина, а песната „Другар“ нè потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.
Лозано одлично се вклопи во концептот на „Дајте музика“ за една нова модерна генерација на детски идоли, кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.
Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат.
Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски.
Погледнете го спотот:
Текст и фото: ПР
Видео: Youtube