Стефан Ѓуриќ Раста, автор на многубројни хитови, се најде во фокусот на вниманието откако почна љубовна врска со поп-пејачката Ана Николиќ. Многумина сметаа дека се неспоива двојка, бидејќи Ана во тоа време беше на врвот на својата кариера, а Раста, иако беше афирмиран во музичките кругови, за пошироката јавност беше изненадување како некој на кој пејачката му се заколна на вечна љубов. Круна на нивната љубов е ќеркичката Тара, но, за жал, брачната заедница не им опстана и тие се разведоа, но сепак се во добри односи.
Иако многумина не го сакаат поради дрскоста и контроверзноста, неговата емотивна приказна за растењето во Приштина, во која е роден во 1989 година, а потоа и за детството во Сребреница никого не остава рамнодушен.
Имено, Стефан во трето одделение ја напуштил Приштина за да живее со баба си во Сребреница. Тој дел од животот му е во најубаво сеќавање.
Три до четири години бев во Сребреница без родителите. Таму ми беше многу убаво, тсанував рано наутро, јавав коњи, чував крави, одев на училиште. Многу ми годеше сето тоа. Многу сум ѝ благодарен на баба ми што ме одгледа и затоа имам посебен однос кон жените што се баби и мајки“, изјави Раста во една гпозната ТВ-емисија, и истакна дека мајка му, како доктор на науки и професорка на факултет, го научила дека уморот никогаш не е изговор.
View this post on Instagram
Кај мајка ми видов дека нема простор за умор и за кукање. Таа го живее тоа што го работи. Ме научи да не се преиспитувам многу, уморот да не ми е изговор и дека секогаш има причина за насмевка“, вели Раста, кој неодамна излезе од затворскиот притвор во кој заврши бидејќи беше уапсен од страна на полицијата и кај него беше пронајдена дрога.
Фото: Инстаграм