Кендал Џенер прошета во минијатурно секси-парче: Дали би го пробале и вие? (ФОТО)
Моден тренд
Кога минатата година кардиганот се врати на модната сцена, многумина се зачудија како е можно омиленото парче облека на нашите баби да биде предизвик. Меѓутоа, овој секси-кардиган освен што е изработен од истиот материјал, всушност нема никаква врска со оној што го носеа саканите ни баби, тој е краток и тесен, најчесто има само едно копче и повеќе открива одошто покрива.
По завршувањето на сезоната на џемперите, и покрај тоа што имаше голем број обожавателки меѓу славните дами, сите помислија дека ова модно парче ќе падне во заборав, но се воспостави дека трендот „секси-кардиган“ сè уште не е подготвен да ја напушти модната сцена.
Неодамна и манекенката Кендал Џенер е видена како носи „понова верзија“ на овој кардиган, што докажува дека трендот доби и своја микро-верзија. Кендал се одлучи за модел на брендот Aya Muse, кој им е омилен и на други познати трендсетерки, како Елса Хоск и Каја Гербер.
View this post on Instagram
@KendallJenner via Instagram Story #kendalljenner #kendalljennersnapchat
Еве како Кендал Џенер го носи овој секси-кардиган:
View this post on Instagram
September 23: Kendall out and about in Malibu @kendalljenner #kendalljenner
Фото: Инстаграм