Ако сакате брз и вкусен колач, пробајте го овој рецепт
Состојки:
За бисквитот:
- 40 г брашно
- 25 г какао
- 1/4 мало лажиче прашок за печиво
- 70 г шеќер
- 30 г путер
- 1 јајце
- 1/4 шолја млеко
За преливот:
- 1/2 шолја чоколадно млеко или обично млеко (по избор)
За филот:
- 250 мл слатка павлака и 200 г чоколадо за готвење
Приготвување:
За да го приготвите овој колач ви требаат тавче и маталка, како и споменатите намирници. Во тавче стопете путер, но не оставајте да зоврие, туку само да се стопи. Тргнете го од рингла и додајте какао, па промешајте. Потоа, додајте шеќер и јајце, па добро промешајте. Додајте млеко и брашно со прашок за печиво, па изматете со маталка.
Кога ќе биде изматено, ставете го тавчето на рингла и поклопете го. Температурата треба да биде средно висока. Оставете го колачот да се испече. Кога ќе биде готов, тргнете го од рингла, но не го откривајте. Кога ќе се олади малку, избодете го со чепкалка и прелејте го со чоколадно млеко.
Пригответе го филот така што ќе загреете слатка павлака и во врелата (но не зовриена) павлака ќе додадете црно чоколадо. Измешајте за да се стопи, па прелејте го колачот со филот. Оставете го да се олади и оладениот колач исечете го и послужете го.