Колач со бисквити и со банани: Кремаст и сочен, готов за 15 минути!

Не смеете да го пропуштите!

Овој колач со банани е многу освежителен, кремаст и вкусен – најдобро од сѐ е тоа што многу брзо и лесно се приготвува

Состојки:
  • 3 кесички прашок за пудинг од ванила
  • 9 лажици шеќер
  • 1200 мл млеко
  • 300 г бисквити
  • 200 г путер + за подмачкување на плехот
  • 100 г кисела павлака
  • 4 банани
  • 300 мл павлака за шлаг
Приготвување:

Соединете ги прашокот за пудинг и шеќерот и кратко промешајте. Одвојте дел од млекото за да се размати смесата од пудинг и шеќер. Остатокот од млекото ставете го да се вари и кога ќе зоврие, тргнете го на страна, додајте ја разматената смеса и сварете го пудингот. Во сѐ уште врелиот пудинг додајте исечкан путер, а потоа и кисела павлака.

Со прсти скршете ги бисквитите на мали парчиња и додајте ги во смесата, па сето тоа добро промешајте го. Подмачкајте плех со путер и во него префрлете половина од смесата.

Исчистете ги бананите, расечете ги во должина на половина и наредете ги во плехот. Врз бананите додајте го остатокот од смесата и со лажица втиснете ја помеѓу бананите. Оставете го колачот во фрижидер да се олади, најмалку два часа.

По два часа, изматете павлака за шлаг, премачкајте ја врз жолтата смеса и повторно ставете ја во фрижидер добро да се олади пред послужување, најдобро во текот на ноќта.

Колачот можете да го посипете со какао во прав.

Брз овошен колач со пишкоти: Мек, сочен и кремаст!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.