Едно годишно време се смета како најризично за неверство, можете да претпоставите кое?
Неверството во врската или бракот е една од најчестите причини за раскинување, а сега има и податоци кои покажуваат во кој животен период и мажите и жените најмногу изневеруваат.
Резултатите од британското истражување покажале дека луѓето најголемиот број неверства ги започнуваат на 39 години.
Објаснето е и дека таа година за многумина претставува пресврт во животот, бидејќи некои почнуваат да влегуваат во средовечна криза или бараат нови возбуди.
Истражувањата покажале дека најподложни на неверства сме во последната година од која било животна декада (19, 29, 39, 49 или 59). По добата од 39 години, најчеста година за неверство е кога имаме 49, а следната е кога имаме 29 години.
Истражувањата покажале дека некои луѓе изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот.
Што се однесува до годишното време, особено опасни се летните месеци, бидејќи тогаш се случуваат 25% повеќе прељуби од вообичаено.
Петте најчести причини за неверства според ова истражување се:
- Недостиг на возбуда во кревет (75%)
- Се укажала прилика (54%)
- Досада во врската (46%)
- Повторен контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28%)
- Желба за промена (22%)