Исфрлете ги овие намирници од исхраната: За еден месец брчките на лицето драстично ќе ви се намалат!
Паметно одбирајте ги намирниците
Лицето ќе ви биде благодарно доколку ги исфрлите овие намирници од исхраната
Познато е дека една група намирници може позитивно да влијае врз здравјето, додека други можат да предизвикаат многубројни проблеми. Исто е и со брчките, одредена храна може значајно да го забрза процесот на стареење и да предизвика појава на брчки.
Кога ќе ги исфрлите овие намирници од исхраната, вашето лице ќе се прероди. Тенот ќе ви стане изедначен, подочноците ќе ви исчезнат, а брчките драстично ќе ви се намалат.
Дерматолозите се уверени дека треба да се откажете од овие намирници во 40-те години, во спротивно, двојно ќе го забрзате процесот на стареење…
Шеќер
Постои добра причина зошто е на врвот на листата. Тој е најголем противник на здравата кожа, бидејќи ја започнува разградбата на колагенот, протеин кој е најзаслужен за добриот изглед на кожата.
Енергетски пијалаци
Натриумот и кофеинот што се содржат во нив прават кожата да биде дехидрирана, а таквата кожа автоматски може да изгледа постаро.
Пржена храна
Ваквата храна значајно влијае врз изгледот на кожата, а покрај тоа може да предизвика и остеопороза, нервни и срцеви нарушувања.
Преработено месо
Сувомеснатите производи, доколку станат дел од секојдневното мени, можат сериозно да го нарушат изгледот на кожата. Оваа храна предизвикува појава на брчки, флеки и подочници. Главни виновници за тоа се адитивите и конзервансите, кои се наоѓаат во овие намирници.
Брза храна
Не мораме ни да напоменуваме колку е лоша за целиот организам. На сите ни е добро познато дека брзата храна има неверојатно влијание врз кожата, во негативна смисла.
Алкохол
Освен што влијае врз бубрезите и црниот дроб, алкохолот предизвикува и појава на акни и на брчки.
Лута храна
Пикантната храна може да ги поттикне проблемите со кожата, како што е розацеа и длабински да ја оштети кожата. Може да предизвика пукање на капиларите, изразени вени, но и појава на подочници или да придонесе за изгледот на целото лице.
Сол
Храната со премногу сол предизвикува дехидратација, а со самото тоа и лош изглед на кожата. Покрај тоа, се јавува и отеченост и лицето изгледа уморно.
Суво овошје
Иако звучи како здрава храна, далеку е од тоа. Дехидрираното овошје во себе содржи огромна количина на шеќер, а веќе напоменавме колку е тој штетен за кожата.