Ракометарот Столе Стоилов денес направи свадба за најблиските, прва заедничка фотографија од младенците!
Склучија граѓански брак
Ракометарот Столе Стоилов денес и кажа „да“ на својата избраничка Деница со која наскоро ќе се остварат и во улогата на родители.
Двојката која во февруари откри дека очекува принова планираше голема свадба, но поради пандемијата со коронавирус истата ја одложија, а денес направија само мала забава за најблиските и семејството и склучија граѓански брак.
Инаку, Столе и Деница се во врска една година, а неговата избраничка по професија е уметница.