Погледнете ги советите за уредување од професионални дизајнери и изберете ја вистинската боја за секоја просторија во вашиот дом.
Црвената буди апетит, светлите нијанси на сина и зелена ќе ве опуштат, додека жолтата и портокаловата се „задолжени” за започнување на добра атмосфера.
За кујната искористете боја што ве потсетува на детството. На пример, ако се сеќавате на мирисот на колачи од кујната на вашата баба, потсетете се на бојата на нејзините sидови и искористете ја во вашиот дом.
Жолтата е исто така идеална за кујната бидејќи го забрзува метаболизмот и дава дополнителна доза на енергија.
Ако сте на диета, избегнувајте ја црвената боја во кујната или трпезаријата бидејќи таа поттикнува апетит.
За простории кои имаат релаксирачка функција, како што е спална соба или бања, користете светли нијанси на сина, зелена или лаванда.
Сината буди желба за работа и можете да ја искористите за вашата работна соба.
Прочитајте и: Биофилтри во домот: Најдобрите собни билки
ФОТО: Pixabay