Брза торта со бисквити: Десерт што се приготвува во дупла мера, бидејќи никогаш не останува доволно!
Вистинско уживање!
Торта што се приготвува многу едноставно, а вкусот е фантастичен
Состојки:
- 400 г бисквити
- 100 г путер
- 2 пудинга од чоколадо
- 2 пудинга од слатка павлака
- 2 лажици шеќер во прав
- 1 л млеко
- 4 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
Приготвување:
Сварете го пудингот со млеко, додајте шеќер по желба и ванилин шеќер. Можете отприлика по две лажици. Изматете го путерот со шеќерот во прав. Добро оладете го пудингот.
Поделете го путерот на 2 дела, па во едниот додајте го чоколадниот, а во другиот белиот дел и добро измешајте. Обложете плех со хартија за печење.
Еден бисквит намачкајте го со чоколадо, а другиот до него намачкајте го со крем од слатка павлака и од страна додајте по еден бисквит.
Одозгора намачкајте го белиот крем, покријте го остатокот со фолија и оставете го 2 часа во фрижидер. Извадете го на тацна, па од страните премачкајте го со остатокот од белиот фил, а одозгора со чоколадниот фил.
Наросете малку кокосово брашно или рендано бело чоколадо. Оставете го во фрижидер да преноќи, да се стегне и да впијат бисквитите од смесата. Послужете и уживајте во прекрасниот вкус.
ФОТО: Pixabay
Сигурни сме дека ќе ви се допадне и овој божествен десерт: кокосова торта со чоколадо!