На менито на Никол повторно „младо пилешко“: Пејачката на вечера со новиот избраник (ФОТО)
Таа свечено, а тој опуштено
Никол Шерзингер (41) и Том Еванс (34) неодамна потврдија дека се во љубовна врска, па сега слободно можат да одат на вечера држејќи се за рака…
Токму така ги гледаме на фотографиите во продолжение на оваа објава: среќни, насмеани и видно заљубени, се држат да раце и излегуваат од познат ресторан.
За ова излегување со саканиот, популарната пејачка избрала светлосин светкав фустан, додека, пак, поранешниот рагбист се одлучил за полежерна комбинација.
Инаку, двојката се запознала лани за време на учеството на Том во натпреварот The X Factor: Celebrity, каде што убавата пејачка нему и на неговиот бенд им беше менторка по пеење.
Набрзо почнаа да се шират гласини дека Никол и Том се во врска, но двојката ги потврди дури неодамна појавувајќи се заедно на доделувањето на „златните глобуси“.
View this post on Instagram
Иако врската е „свежа“, наводно, Никол му го привлекувала вниманието на Том веќе 6 години. Но тој ги искажал неговите чувства дури кога учествувал во X Factor.
Том знаеше дека ќе се забавува на шоуто, но не само поради пеењето. Никол му се допаѓа веќе некое време и му беше мило што ќе има можност да минува време со неа и да ја заведе. На крајот, таа не можеше да му одолее на шармот на Том, иако беше судија во шоуто“, пренесуваат светските медиуми.
Инаку, Никол во август минатата година ја раскина 4-годишната врска со бугарскиот фудбалер Григор Димитров (28), кој исто како Том, беше доста помлад од неа.
Фото: Инстаграм, Getty Images