Спој на убаво и безбедно: Модниот дизајнер Папаз и БИСПАГ со уникатна модна приказна

Со порака дека безбедноста треба да биде на прво место за секој од нас

Модата и бeзбедноста може да бидат спој на една приказна, едноставно, модниот дизајнер Папаз со БИСПАГ компанијата за противпожарна техника со моделката и блогерката KK Queen направија уникатна фото сесија. Од покривот од скопскиот хотел Opera House испратија порака дека безбедноста треба да биде на прво место за секој од нас.

Со задоволство направив спој на мојата последна колекција Три која ја презентирав во Сараево, ја вклучивме и блогерката KK Queen. Ова е прв пат од ваков тип на соработка нешто што претставува тренд во светот. Навистина ми е драго што ќе предизвика внимание кај љубителите на модата и ќе ја подигнеме свеста за безбедноста“ вели Папаз, моден дизајнер.

Тимот на компанија БИСПАГ Противпожарна Техника, дојде до решение на спој меѓу корисното и убавото што секогаш е добитна комбинација, па така наскоро за секој дом ќе бидат достапни ПП апарати во вид на уметничко дело, кои совршено би се вклопиле во секој дом, а истовремено во даден момент би го спасиле нашиот дом.

 

 

Противпожарен апарат потребно е да поседува секој дом, секој автомобил и секој еден правен субјект, бидејќи претставува превентивно средство за лична безбедност. Важно е да се поседува како средство за почетно гасење на пожарот, како би се спречило понатамошно ширење, но исто така во случаи каде имаме пожар со правилна употреба на ПП апаратот и за трасирање на пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата која е зафатена со пожар“ додаде Марија Кукуноска, менаџер во БИСПАГ Противпожарна Техника.

Употребата на ПП апаратот е многу едноставна, но секако потребно е да претходи обука за правилно користење со придржување кон упатството на производителот на ПП апаратот кое се наоѓа на секој апарат со шематски приказ за начинот на употреба како и векот на траење. При употреба на ПП апаратот важен податок е дека векот на траење на еден ваков апарат е 20 години при што по изминување на овој даден рок на траење тој станува максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.